
|
 |
Спорт / ЕП во ракомет
|
|
Македонија на ЕП
ГОЛМАНИ:
ТАЊА АНДРЕЈЕВА (30 г., Кикинда, Срб.)
ДИЈАНА НАУМОСКА (23 г., Арион, Грц.)
ВЕСЕЛИНКА ТРЕНОСКА (23 г., Ѓорче Петров)
Кога пристигна на помош во стручниот штаб, првата сериозна забелешка на Левон Акапјан беше дека голманите се слабата точка на овој репрезентативен состав. Наумоска и Треноска навистина не можат да се пофалат со некоја минутажа во националниот дрес и јасно е дека најголемиот товар ќе падне врз Андрејева.
ЛЕВИ КРИЛА:
ДРАГАНА ПЕЦЕВСКА (25 г., Ѓорче Петров)
ВАЛЕНТИНА РАДУЛОВИЌ (33 г., Кабран амбалажа)
Ако се случи Радуловиќ да не може да настапи поради повредата на коленото (за ова се решаваше на синоќешниот технички состанок), селекторот Глигоров ќе мора да и обезбеди поддршка на Пецевска. За оваа резервна улога се подготвуваа Кресоја и Црвенкоска, но Пецевска ќе остане единствениот "природен" избор за оваа позиција и ќе мора да се потпре врз сиот раскош на својот талент за да ја надомести празнината.
ЛЕВИ БЕКОВИ:
ОЛГА БУЈАНОВА (32 г., Динамо Волгоград, Рус.)
МИРЈЕТА БАЈРАМОВСКА (24 г., Ѓорче Петров)
НАТАША КОЦЕВСКА (24 г., Баер, Гер.)
Селекторот Глигоров уште по првиот тренинг призна дека ниту за момент не се покајал што ја повикал Бујанова, иако никој ја немаше видено речиси две години. Иако во Динамо имала главно дефанзивни обврски, нејзините организациски квалитети уште како се добредојдени. Бајрамовска и Коцевска ќе ја чекаат својата шанса од клупата и ќе треба да ја искористат со голема храброст и дрскост.
ПИКЕРИ:
РОБЕРТИНА МЕЧЕВСКА (24 г., Мили пијанго, Тур.)
ЛЕНЧЕ ИЛКОВА (24 г., Ѓорче Петров)
НАТАША МЛАДЕНОВСКА (22 г., Ѓорче Петров)
За првпат во последните десет години, на линијата од шест метри нема да стои Анжела Платон, што значи дека ќе мора да се најде и нов столб на одбраната. Мечевска, Илкова и Младеновска стартуваат рамноправно во тој поглед и ќе си бидат силна конкуренција една на друга за секоја минута.
СРЕДНИ БЕКОВИ:
ЈУЛИЈА ПОРТЈАНКО (25 г., Ѓорче Петров)
ДРАГИЦА КРЕСОЈА (22 г., Ѓорче Петров)
БИЛЈАНА ЦРВЕНКОСКА (25 г., Ускудар, Тур.)
Ова ќе биде најуниверзалната тројка во нашиот тим, доколку Кресоја и Црвенкоска бидат префрлувани на левото крило. И во бековската линија нивните улоги се сестрани - креативна, шутерска и лидерска, а опција секако ќе биде и Бујанова.
ДЕСНИ БЕКОВИ:
ЕЛЕНА ЃОРЃИОСКА (18 г., Ѓорче Петров)
ДАНИЕЛА НОВЕСКА (25 г., Тирингер, Гер.)
Ѓорѓиоска е најмладиот член на екипата, но ова и е веќе четврто големо натпреварување и психолошкиот притисок одамна е надминат. Самодовербата веќе не е проблем ниту за Новеска, која од година в година се повеќе напредува.
ДЕСНИ КРИЛА:
НАТАЛИЈА ТОДОРОВСКА (34 г., Подравка, Хрв.)
АЛЕКСАНДРА СЛАВКОВСКА (22 г., Кале Кичево)
Тодоровска, која би можела да биде новиот капитен, е од оние неуморните и незаменливи играчи, со акумулирано огромно искуство. Славковска, сепак, е десен бек во Кале Кичево и на оваа позиција би можела да биде само принудно.
СТРУЧЕН ШТАБ:
ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВ - селектор
АНГЕЛ ВЕЛКОВ - тренер
ЛЕВОН АКАПЈАН - советник
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|