Ќе се потрудиме да ја расипеме литванската забава

"Домаќините знаат дека доколку го загубат овој натпревар за нив ќе заврши сонот за освојување на една од трите медали на шампионатот. Тоа само по себе подразбира дека ќе имаат неверојатно голем притисок на овој натпревар, и ќе мора да излезат на крај со него, но и против нас. Тука е нашата шанса за триумф во ова историско четвртфинале"- анализира нашиот стартер на центарската позиција.

"Тоа е тоа, нема враќање, напротив, одиме напред. И покрај овој тежок пораз кој не се заборава така лесно, мораме да 'се дигнеме' уште еднаш. Мислам дека и покрај тоа 'не држи' онаа еуфорија која ја создадовме со оние шест победи во серија. Тоа треба да ни биде мисла-водилка за она што следува четвртфиналето.

Вака го почнува монологот Предраг Самарџиски на нешто повеќе од 24 часа пред најважниот натпревар во историјата на македонската репрезентативна кошарка. Четвртфиналето кое "го закажавме" за вечерва, од 20 часот, во прекрасната "Кауно арена" овде во Каунас.

Нема да ни биде воопшто лесно, особено ако се знае дека вечерва не очекува уште едно "зелено лудило". По она во Вилнус, ова во Каунас ќе биде уште појако.

Но тоа не го плаши воопшто човекот кој многу скоро ќе биде дел од "вилнускиот" носител на кошарката во Литванија, Литвос Ритас.

Токму од таа причина, но и поради факртот дека настапот на Тодор Гечевски повторно е ставен под голем знак прашалник, јасно е дека Самарџиски ќе има една од главните, носечки улоги во овој нов историски натпревар, по кој Македонија може да оди и уште повисоко во ова друштво на најдобрите осуммина во Литванија.

"Ова е сега веќе нешто сосема друго. Ова е четвртфинале, еден натпревар по кој враќање повеќе нема. Тоа особено се однесува за Литванците. Знаат дека доколку го загубат овој натпревар, за нив ќе заврши сонот за освојување на една од трите медали на шампионатот. Тоа само по себе подразбира дека ќе имаат неверојатно голем притисок на овој натпревар, и ќе мора да излезат на крај со него, но и против нас. Тука е нашата шанса за триумф во ова историско четвртфинале".

Самарџиски јасно кажува дека Македонија и досега направи многу, и дека реално, немаме што многу да загубиме во ова четвртфинале, прво во историјата на македонската репрезентативна кошарка.

"Факт е и тоа неоспорен дека ние нема што да загубиме на овој меч. Имаме, пред се добра, одлична атмосфера. Играме навистина јако, иако имаме проблеми со повредени играчи како на пример со Гечевски. Ќе се одмориме малку, ќе се престроиме по овој пораз со Русија, кој не менува апсолутно ништо во нашите глави и одиме во Каунас"- вели нашиот стартер на првата центарска позиција.

Меѓутоа, не заборава да испрати и едно сериозно предупредување до Литванците, кои како едвај да дочекаа да ја имаат Македонија за противник во оваа фаза, посебно ако се знаеше дека можеби ќе ја имаа(т) на врат Русија.

"Едно знам сигурно, ние ќе излеземе пред тие 14.000 гледачи во Каунас со желба да им ја земеме забавата. И друга работа, ако сакаат да го земат тој толку посакуван медал, ќе треба добро да се испотат. Нема да им ја дадеме така лесно како што мислат, планираат. Ќе се потрудиме да имаат тешка работа. Тоа е наша обврска на сите кои сме тука, и пред се пред целата македонска јавност и пошироко"- порачува Самарџиски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...