Новицки замина од репрезентацијата

Најдобриот германски кошаркар на сите времиња Дирк Новицки дефинитивно и кажа збогум на својата репрезентација, само неколку дена по елиминацијата од Европското првенство во Литванија. Само еден ден претходно германскиот национален тим остана и без селектор откако оставка поднесе Дирк Бауерман, што значи дека на "панцирите" им претстои процес на реорганизација и веројатно подмладување.

Крај на една убава ера за германската кошарка

Ќе остане запишано дека последниот меч на Дирк Новицки во дресот на германската репрезентација беше оној против Литванија во неделата (11 септември 2011) кој домаќинот на шампионатот го доби со 84:75. Тој одигра вкупно 141 натпревар за националниот тим, настапи на шест Европски и две Светски првенства, како и на Олимписките игри во Пекинг пред три години. Со својата репрезентација го освои бронзениот медал на Мундијалот во 2002 година и сребрениот на Евробаскетот три години подоцна кога и беше избран за МВП на шампионатот.

"Горд сум на она што го направив за Германија. Максимално се борев и секогаш се радував кога играв за репрезентацијата. Се надевам дека со успесите ќе продолжам и по моето заминување", истакна Новицки за германските медиуми.

Интересно е тоа што токму кошаркарот на Далас Маверикс ја презеде целата вина за елиминацијата на Германија на Европското првенство во Литванија иако беше прва ѕвезда и играч со најдобри статистички показатели, заедно со Крис Кејмен. За 23 поени не успеа да го надмине Никос Галис според бројот на постигнати поени во историјата на Европските првенства, но ќе остане запишан како второпласиран на листата на стрелци пред Мики Беркович кого го помина токму во Литванија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...