Леле што напраивме

Неверојатно. Дванаесетте македонски херои и нивниот мудар предводник успеаја да ја покорат Литванија и со тоа да создадат еуфорија која ќе го држи нашиот народ уште долго. Биле домаќини, високи се, силни и крупни, публиката ќе биде шестиот играч, судиите ќе свират за нив, ги тепаа Србите, нас ќе не прегазат...сево ова падна во вода. Утрово, сето тоа што се збореше за Литванците пред натпреварот ни изгледа како една огромна глупост. Очигледно на Литванците ќе треба да им ја преведеме нашата народна песна „Домаќине добри гости ти дојдоа“...

Откако заврши историскиот натпревар, низ улиците и плоштадите во цела Македонија луѓето излегоа да ја прослават големата победа. Сигурно, странците во државава си рекоа дека само ние и мал дел од Балканот знае вака искрено да се радува на спортско достигнување. Но, ова за нас не е само спортско достигнување, ова за нас е многу повеќе од тоа. Денеска слободно и во буквална смисла може да се каже дека синоќа Скопје беше градот кој не спиеше. Се славеше до раните утрински часови, а сигурно така било и во сите градови во Македонија. Коли кои свират и од кои среќни луѓе мавтаат со знамиња, луѓе кои трчаат, пеат и меѓусебно се гушкаат и слават, среќни лица и атмосфера од која само Франкенштај немаше да се наежи.

Македонијо заслужи да славиш и да се радуваш. Додека ние пишуваме историја, целиот свет учи географија.

Момци, среќно...

Бојан Бошковски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...