Странските медиуми ја величат македонската непобедлива фаланга

Хрватскиот популарен спортски сајт „Спортнет ХР“ посвети текст за нашите херои насловен „Непобедлива македонска фаланга“.

Кој би рекол дека победата на Македонија над нивниот безвременски ривал Грците, ќе биде увод во историски поход над кошаркарската велесила Литванија.

Откако што го нападнаа Алутус, го освоија Вилнус, потомците на Александар Македонски, појдоа на немилосрден поход кон кошаркарската престолнина на Литванија, Каунас. Таму ги дочекаа 15.000 напалени Литванци, но ни многубројната војска на кошаркарските интелектуалци не успеаја да го задржат нивниот продор на самиот врв на европската кошарка.

Бидејќи македонските копја се долги и остри, формацијата цврста, сигурно Александар ги гледа од некој хелинистички рај и со насмевка дофрлува „Така ве учев“.

И додека еден од најголемите војсководци на сите времиња своите походи ги насочил кон исток, избраниците на Марин Докузовски тргнаа кон север, но филозофијата им останала иста. Бидејќи овие македонци се борци колку и кошаркари, борци колку и техничари, и со тоа успеваат да бидат проклето неодоливи.

Македонската фаланга еднакво била опасна во античко време како и денес, 2011-та година во времето на iPad и Twitter. И нејзината најголема слабост, бавната мобилност, требала денес да падне во вода против брзата и незгоданата транзиција на Литванците. Но, во корените на Македонците, очигледно длабоко е врежан генијалниот стратег кој и тоа како знае оваа битка да ја однесе во своја насока.

Демостеновите говори за играта на Македонија кои ги имавме подготвено „на лагер“ во случај на пораз од Литванија, сега паѓаат во вода. Момците повторно докажаа. Сега го чекаат Шпанците во борба за медали.

Српскиот познат портал „Спортал Рс“ исто така ја величи победата на Македонија во четвртфиналето

Сништата станаа јаве за кошаркарска Македонија. Кој се надеваше на почетокот на Европското првенство во Литванија дека репрезентацијата на Македонија ќе го победи домаќинот во четврт-финале после драматична завршница 67-65 (18:20, 12:14, 19:18, 18:13)!

Под наслов „Македонското сонце не заоѓа на Балтикот“ српскиот весник „Данас“ пишува за спектакуларната победа на македонската кошаркарска репрезентација во Каунас- Литванија.

Иако во текот на целиот шампионат имаа улога на аутсајдер, по неверојатниот четвртфинален триумф против домаќинот репрезентацијата на Литванија, Илиевски и дружината сигурно ќе станат незаменливи ликови на сите разгледници од Европското првенство.

Државната словенечка телевизија на својот портал ја пренесува изјавата на Илиевски

- Тоа беше шутот на мојата кариера, шут на мојот живот. „Македонија продолжува да ја вџашува кошаркарска Европа“, пишува на порталот на РТВ Словенија.

Тие пишуваат дека главен јунак за оваа историска победа е Илиевски кој до минатата сезона играше за љубљанска Олимпија. - Бев 90 отсто сигурен дека топката ќе влезе внатре. Повеќето шутеви ги промашив на овој натпревар. Но Господ се гледа! Мојот цимер Димитар Мираковски утрово отиде до прозорецот погледна кон небото и рече: Господе, досега ни даде многу. Ако има уште нешто да ни дадеш, дај ни го тоа денеска. Не го чувај тоа за другпат“, весело објасни Илиевски.

Текстот во бугарскиот портал „Спортал Бг“ насловен Приказната за Македонија продолжува – Литванија во аут на Евробаскет 2011, е „лајкнат“на Facebook повеќе од 300 пати.

Фантастичното претставување на Македонија на Евробаскетот 2011 продолжува со полна сила, откако избраниците на Марин Докузовски го победија домаќинот Литванија и со тоа обезбедија учество во полуфиналето на турнирот.

Познатиот блогер на официјалната страница на „НБА“, Sekou Smith, својот последен текст го посвети на победата на Македонија над домакинот Литванија.

Тројката на Владо Илиевски (по асистенција на Бо Мекејлеб) на 11 секунди до крајот ја однесе Македонија во полуфиналето и со тоа го приреди најголемиот шок во историјата на Европската кошарка, по победата над домаќинот Литванија пред гласната публика во непријателската атмосфера. Илиевски (12) поени и Мекејлеб (23) беа херои во соблекувалната каде што кошаркарите славеа по натпреварот. Војдан Стојановски не промаши ниту еден шут, тој биеше 5 од 5 за три поени, завршувајќи го мечот со 15 поени...

Београдски „Вечерње новости“ со едноставен наслов: „ЕП: Македонија и Шпанија во полуфинале

Во многу возбудливиот натпревар и до последната секунда неизвесна завршница Македонците имаа повеќе среќа и знаење и на крајот дојдоа до големо славење, кое со тројката 12 секудни пред крај им го овозможи Владо Илиевски“, пишува весникот.

„Ако имате срце и малку спортска среќа и дрскост можете многу. Токму тоа го прикажаа кошаркарите на репрезентацијата на Македонија, предводени од еден сјаен Американец - Лестер Бо Мекејлен“, пишува српскиот портал Мондо и дополнува дека Предраг Самарџиски го открил клучот на успехот на македонскиот тим, а тоа е атмосферата во соблекувалната, на тренинзите. - Ние 12-мина буквално сме како браќа. Сите дишеме како еден и во тоа лежи нашиот успех. Растоварени сме од натпревар во натпревар. Не не оптоваруваат, признанија, награди, премии, играме за нашиот народ на кого срцето му е полно како и нам после секоја наша победа. Правиме се од срце, со големо задоволство, ја пренесува „Мондо“ изјавата пред некогашниот центар на Партизан. Порталот уште наведува дека на Балканот има нешто што другите го немаат. Огромна желба да се помогне на својот тим на својата земја и како пример за тоа го наведува Тодор Гечевски. Самарџиски после натпреварот токму тоа и го потенцираше: Што можете да мислите за човек кој со две скршени раце сака да игра? Тој е играч кој што злато вреди за секој тим. Неговата смиреност во неизвесните моменти толку многу ни значи и ни е потребен дури и на клупата. Многу ни помага иако не игра“.

Рускиот портал „Спорт експрес“ вистински ги велича македонските кошаркари истакнувајќи:

- Кога ќе соберете седум Македонци и им додадете еден Американец тогаш добивате моќ еднаква на 300 Спартанци... Погледнете само колку новини кошарката може да научи од новата Македонија. Селекторот Марин Докузовски е неверојатен диригент под чија палка сето тоа звучи како една бајковите симфонија - пишува „Спорт експрес“

Токму овој весник ги величеше нашите кошаркари и по несреќниот пораз од Русија. Тогаш Спорт-експрес напиша дека Македонците се херои кои се борат за својата земја и заслужено се таму до каде што стигнааа.

Грчкиот Портал Sport.gr пишува за големата победа објавувајќи дека огромна „бомба“ на евробаскетот експлодирала во средата навечер со импресивниот настап на Македонците со што Литванците отпаднаа од борбата за медал.

За време на целиот турнир тимовите ја потценуваа Македонија. Сега на таа листа може да се додаде и Литванија која местото до Олимписките игри во Лондон ќе треба да го бара по заобиколен пат, објавува Ен-Би-Си спорт.

„Не го знаете Бо Мекалеб доколу не сте фан на Универзитетот во Њу Орлеанс каде што играше тој. Па дури и тогаш е под знак прашање дали го знаете. Но овој кошаркар роден во Америка никогаш повеќе нема да треба да плати вечера во Македонија. Тој со 23 поени ја предводеше Македонија во оваа неочекувана победа кој што тимот го носи во полуфиналето, наведува Ен-Би-Си спорт.

Весникот „Торонто Сан“ со наслов „Литванија шокирана во четвртфиналето“ пишува дека домаќинот останал без шанса за медал во Европското првенство во кошарка. „Големо изненадување за Македонја“ е насловот на престижниот „Њујорк Тајмс“, кој пишува дека македонските кошаркари го запреа домаќинот Литванија на патот кон едно од првите три места.

За победата пишува и Ју-Ес-Еј ту деј кој наведува дека земјата по површина е мала но е кошаркарски џин. медиумите ја пренесуваат и оценката на Франс-прес, агенција која потенцира дека продолжува приказната за кошаркарската Пепелашка. „Тројката на Македонија ја потопи Литванија“ извести шведската телевизија, дополнувајќи дека поразот го шокирал на домашната Литванија и бројната публика во Каунас. Тие ја пренесуваат изјавата на македонскиот селектор Докузовски, кој рече дека ова е до сега најголемиот успех на Македонија во сите спортски дисциплини.

Речиси сите медиуми наведуваат дека следен противник на Македонија е актуелниот европски првак Шпанија. Но повеќе никој не се осудува веднаш да ја отпише Македонија. - Шпанците се тим кој заедно со Франција се главните фаворити на првенството за освојување злато. Но ние ќе се бориме. Ќе дадеме се од себе бидејќи не се случува секој ден да имаш можност да играш против европскиот првак кој има ѕвезди како што се Пол Гасол и Хуан Карлос Наваро. Тоа е само мотив повеќе, изјави македонскиот репрезентативец Владо Илиевски.

Големо изненадување во Литванија“ е насловот под кој грчкиот весник „То Вима“ пишува дека домаќините претрпеле шокантен пораз и со што се исклучени од полуфиналето.

 „Македонија се придружува на големите ѕверки во евробаскетот“ пишува порталот за меѓународна кошарка interbasket.net. Овој портал пишува дека македонската приказна на Европското првенство константно ги шокира противниците, и наведувајќи дека низ целиот шампионат Македонија била неоправдано потценувана, за следниот натпревар авторот го завршува со зборовите: Јас не се обложувам против Македонија.


Погледнете го видеото како го проследија поразот домашните навивачи на еден од плоштадите во Литванија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...