Македонските навивачи се испотепале во авион на пат кон Каунас

Најмалку 11 македонски навивачи, кои заминаа во Литванија да ја бодрат нашата репрезентација на европското првенство во кошарка, останале во Каунас бидејќи турската компанија ТАВ, која го обезбеди авионот, не сакала да ги врати назад поради насилно однесување, дознава Нетпрес.

Според нашите информации, на самиот почеток на патувањето избил инцидент. Околу еден час по полетувањето од Скопје во леталото настанала масовна меѓусебна тепачка. Била загрозена безбедноста во авионот, па пилотите сакале да слетаат некаде во Романија. Но, бидејќи тоа не им било дозволено продолжиле кон Каунас. Ситуацијата се смирила и авионот слетал безбедно во Литванија. Навивачите биле прифатени од полицијата и спроведени до спортската сала.

Вториот инцидент се случил за време на натпреварот Македонија-Литванија, кога лицата од обезбедувањето во салата не им дозволиле на македонските навивачи да развеат големо знаме. И вториот пат, ситуацијата била ставена под контрола. Но, по натпреварот дел од навивачите биле приведени во полициска станица. Чартер летот за Скопје требал да тргне од Каунас во околу полноќ, ама тоа не се случило. Авионот полетал околу два и пол часа подоцна, но 11 навивачи останале во Каунас, односно ТАВ не сакал да ги врати, поради насилно однесување.

Околу 150 билети за четврт-финалниот натпревар меѓу Македонија и Литванија обезбеди македонската влада, а авионскиот лет од Скопје до Каунас го обезбеди операторот на аеродромот “Александар Велики“, турската компанија ТАВ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...