Францускиот печат не им верува на очите

Неверојатно, но вистинито, Литванија не се најде во последната четворка на „нејзиното“ Евро 2011. Литванците беа изненадени од Македонија, пишува Спорт.фр. Овој спортски сајт со многу пофалби за играта на Бо МекКејлеб, Илиевски, Стојановски...

За РТБФ (белгиската франкофонска телевизија) исто како и за француската телевизија Франс2, Владо Илиевски е херојот на синоќешниот натпревар за Македонците, јави дописникот на МИА од Париз.

Елиминацијата на Литванија малку го замрзна турнирот, но истовремено квалификацијата на Македонија е заслужена и никој не ја очекуваше оваа селекција во последната четворка, предводена од натурализираниот Aмериканец МекКејлеб.

Еуроспорт.фр со наслов „Македонија ја расплака Литванија“. Литванците се во нокаут. Некои дури плачат. Тие ја гледаа нивната селекција во финалето и круна на се тие беа елиминирани од Македонија, екипа без „чинови“ на меѓународната сцена но која е вистинското изненадување на турнирот.

Македонците синоќа „згаснаа“ цел еден народ вљубен во кошарката. Тие си подарија полуфинале наспроти Шпанија. Македонските навивачи гласни непрекинато пееја и ќе продолжат да пејат до петок. Бидејќи според Еуроспорт.фр, беше жешко не само на теренот туку и на трибините, каде македонските навивачи имаа проблеми со редарите на салата. Литванците воопшто не успеаја да се одлепат од Македонците, одбранбен натпревар во кој Македонците можеа да сметаат на талентот на неизбежливиот Бо МекКејлеб, поткрепен од Владо Илиевски, потоа Војдан Стојановски со неверојатни 5/5 фрлања за три поени.

Малобројната македонска публика остана долго во супер салата каде ја славеше радоста наспроти полицијата и редарите пред да ја споделат радоста со играчите. Еуроспорт.фр на крајот заклучува: Шпанија е предупредена – Македонија е изненадувачка.

„Трибун де Женев“ од своја страна пишува дека никој не ја очекувал Македонија на ова ниво. Швајцарската франкофонска телевизија ТСР вели дека Македонија приреди изненадување во Каунас.

За најчитаниот француски весник „Уест Франс“, Македонија ја елиминира Литванија.

Париски „Ле Монд“ пишува дека Македонија направила подвиг синоќа во Каунас. Според весникот Литванците не ја виделе замката која им ја поставија македонските кошаркари.

Во зелената сала, последните минути од средбата беа неподносливи. Секој кош вредеше злато и 15.000 Литванци експлодираа од радост при секој постигнат кош.

По неверојатната последна минута, Литванија беше згасната, гледачите ја испразнија салата, стотината македонски навивачи ја славеа победата. „Ле Монд“ на крајот додава Шпанците се предупредени, Македонија  не се плаши од ништо! Погледот на Французите сепак е свртен кон вечерашниов натпревар на нивната селекција против Грција, која е нивен измачувач. „Ле Монд“ очекува „нечиста“ игра и тежок физички натпревар на нивните НБА ѕвезди.

Агенцијата АФП во својата кратка вест од Каунас нагласува дека и покрај тешкотиите кои ги имаше екипата на Литванија во двата први круга од Еврото, сепак нејзината елиминација е огромно изненадување, уште повеќе ако се знае дека Македонија во петок за првпат во нејзината историја ќе игра во полуфиналето против Шпанија, апсолутно никој не ја очекуваше на ова ниво.

„Дерниер нувел д’Алзас“ пишува дека Литванците се на тепих, а „Баскет-бал“ дека Македонија е во полуфиналето. Македонија приреди вистинска сензација, плаќајќи си го раскошот да ја елиминира Литванија дома. Според овој специјализиран сајт за кошарка, најзаслужна за победата е македонската одбрана.

 „Курие де Балкан“, специјализиран франкофонски портал за Балканот, пишува дека Македонија уште еднаш „удри силно“ во Литванија по победата на над Грција, пренесувајќи за славењето во Македонија по квалификацијата во полуфиналето. „На пат по медал! Радувај се Македонијо! Шоуто продолжува! Се пренесуваат зборовите на капитенот Перо Антиќ.

БаскетЊуз, со наслов: „Македонија ја шокира Европа“, ставајќи ја на својот сајт Интернет врската од видеото на кое се гледа прославата на победата во Скопје.

„Бурсорама“ од своја страна додава: „Литванија падна! Гром во Каунас“. Македонија предводена од МекКејлеб оди по вода од пред две недели. Таа извојува неколку победи по ред пред да изгуби во последен момент од Русија. Македонците се тие кои ја предизвикуваат Шпанија во петок. Предупредување до француските сини: не служеше за ништо во нивните калкулации да ги избегнат Литванците. Пау Гасол и неговите соиграчи добиваат на гласност но не и во квалитет на играта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...