СЛОВЕНИЈА - ЛИТВАНИЈА 77:80

Литванија до квалификациски билет за ОИ

Литванија се избори за позицијата која води во квалификациите за Олимписките игри во Лондон следната година откако вчера со 77:80 славеше над Словенија, во првата битка од пласманот од 5-8 место на Евробаскетот.

Двете репрезентации имаа многу кусо време за рехабилитација и консолидирање на редовите по двата четвртфинални натпревари во кои Словенија беше елиминирана од Шпанија, додека Литванија доживеа непријатно изненадување во последните секунди во дуелот со Македонија, па така на теренот беше видлив заморот и кај двата тима, но успеаја да презентираат уште еден драматичен дуел.

За фановите и репрезентацијата на Словенија вчерашниот натпревар претставуваше своевидно "дежа ву" бидејќи ја "репризираа" играта од еден ден порано, односно стартуваа со убедливи 14:6, за до крајот на четвртината да дозволат комплетно враќање на домаќинот и минимални 20:19.

И како и во мечот со "фуријата", така и вчера Словенија се загуби во продолжението, серија од 0-7 за Литванија и пресврт, кој ги однесе во водство од 34:28.

Публиката одигра значајна улога со поддршката на својата репрезентација, која се до крајот на третиот период покажуваше комплетна решеност за победа.

Ако во почетокот на натпреварот Словенците беа тие кои се соочуваа со "дежа ву" ситуација, во финишот тоа премина на страната на литванскиот состав.

Многуте грешки и несигурната игра под кошот донесоа изедначување 65:65 во раната фаза од последните десет минути, а неизвесноста траеше се до последната секунда, кога Г. Драгич не успеа да го реализира шутот за три поени, што ќе донесеше изедначување и продолжување на дуелот.

Сега Литванија и Словенија имаат ден одмор во кој треба да ги добијат конкурентите со кои ќе се борат за конечниот пласман на првенството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...