Македонија ќе игра за бронзениот медал на ЕП во кошарка

Македонската кошаркарска репрезентација е поразена од Шпанија и в недела ќе се бори за третото место и бронзениот медал на ЕП во кошарка што се одржува во Литванија.

Конечниот резултат на првиот полуфинален дуел од ЕП одигран попладнево во Каунас изнесува 92:80 за шпанската репрезентација. По првото полувреме Македонија водеше со 45:44.

Бранителот на трофејот Шпанија не им дозволи на македонските кошаркари да ја одиграат својата препознатлива одбрана. По 26:18 за Шпанија во првата четвртина, Македонија се врати резултатски во вториот период. До средината на третата четвртина постоеше резултатска рамнотежа, а од 26 минута Шпанците резултатски се одлепија и веќе по 30 минути игра водеа со 71:62. Ова предност рутински ја сочува до крајот и заслужено се пласира во финалето.

И покрај поразот избраниците на селекторот Марин Докузовски за прикажаната борбеност со аплаузи беа испратени од преку 500 македонски навивачи кои беа присутни во „Жалгирис“ арената во Каунас и од другите присутни љубители на кошарката. „Црвено-жолтите“ достојно ја презентираа својата држава иако играа без повредениот Гечевски со што беа ослабени во скок играта.

Најефикасен во македонскиот состав беше Лестер Бо Мекејлеб со 25 поени. Двоцифрен број поени постигнаа и Перо Антиќ -17, Владо Илиевски - 15 и Предраг Самарџиски -12.

За Шпанија, а воедно и на натпреварот најдобар играч беше Хуан Карлос Наваро со 35 постигнати поени од кои пет тројки. По Гасол имаше ефект од 22 поени и 17 скокови.

Второто полуфинале на програмата е вечерва од 20 часот, а во него ќе играат Франција и Русија. Победникот од овој дуел в недела од 20 часот ќе игра во финалето со Шпанија, а поразената репрезентација ќе биде последната пречка на патот на македонските кошаркари кон освојување на бронзениот медал. Почетокот на тој дуел е во 16 часот и 30 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...