Македонија четврта на Европското првенство во кошарка

Македонската кошаркарска репрезентација со поразот од 72:68 од репрезентацијата на Русија го освои четвртото место на 37. Европско првенство што се одржува во Литванија.

Најдобар стрелец на натпреварот беше нашиот Лестер Бо Меккејлеб со 22 поени, додека во руската репрезентација најмногу поени, 18 постигна Кириленко. Пресуден за победата на руската репрезентација беше големиот број офанзивни скокови. Македонија на 10-тина секунди пред крај имаше шанса да го изедначи резултатот, но Дамјан Стојановски промаши удар од непосредна близина на кошот.

Во досегашниот тек на Евробаскетот, Македонија постигна седум победи и три порази, а нашиот денешен ривал Русија девет победи и еден пораз. Против Русија нашата репрезентација одигра натпревар и во осминафиналната група на 12 септември, кога загубивме со 63:61 откако Сергеј Мониа постигна тројка со звукот на сирената.

Против Русија третпат игравме на европските првенства, а пред две години загубивме исто така со два поена разлика (69:71). Русија има победи во сите пет досегашни дуели.

Последниот натпревар на ЕП во Литванија во Каунас арената ќе се одигра од 20 часот, а тоа е финалето меѓу бранителот на титулата Шпанија и Франција.

Со пласманот меѓу четирите најдобри репрезентации Македонија избори учество на квалификациите за Олимписките игри што ќе се одржат следната година во јули во Лондон.

Вчера се одиграа натпреварите за пласман. Во борбата за петто место - домаќинот Литванија ја победи Грција со 73:69, а во натпреварот за седмо место Словенија беше подобра од Србија со 72:68.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...