Перез му врачи отказ за Анчелоти

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја објави веста која сите ја очекуваа, а тоа е дека тренерот Карло Анчелоти повеќе нема да го води клубот. Иако играчите застанаа зад тренерот, сепак, Перез немаше многу трпение за стратегот, кој уште претходно изјави дека не планира да работи во следната сезона бидејќи мора на операција.

Ова е најава дека во следните неколку дена ќе дојде до назначување на нов стратег. Перез е за тренер кој зборува шпански односно сака домашен стручњак на клупата, а според тоа фаворит е Рафаел Бенитез. Од друга страна, пак, фановите на клубот сметаат дека титулите ќе се вратат со Јирген Клоп кој е без ангажман во моментов.

Според тоа се очекува во следните денови да биде познато кој од овие двајца ќе добие шанса.

Сепак, има и трет кандидат, а тоа е поранешниот играч на клубот Мичел, кој одлично работеше во тимот на Олимпијакос.



МОРА НА ОПЕРАЦИЈА

Перез не ги објасни причините поради кои дојде до разделба, но Анчелоти самиот уште пред неколку дена најави дека ќе си замине и ќе мора да среди некои работи за да санира здравствени проблеми.

„Кажав уште на прес-конференцијата, а ќе повторам уште еднаш. Земам одмор од една година. Имам многу сериозна причина за тоа. Морам да заминам на операција на грбот и извесно време ќе бидам надвор од терените. Не смеам да си дозволам повеќе да чекам бидејќи повредата влијае на моите раце, а може да почне да влијае и на моите нозе. Операцијата е веќе договорена и едноставно морам да ја извршам“, вели Анчелоти.

ЛОША ВЕСТ ЗА МИЛАН

Од друга страна ваквите вести кои пристигнуваат од Анчелоти се многу лоши за тимот на Милан. „Росонерите“ планираат да го вратат својот поранешен тренер со кој имаа многу успеси.

„Галијани доаѓа во Мадрид? За мене ќе биде вистинско задоволство да вечерам со него, но нема како да ја сменам својата програма. Мојата операција е договорена и ќе се случи во Канада во Ванкувер. Со мојата сопруга веќе изнајмивме куќа. Ми треба одмор. Последните две години во кои работев во Реал беа навистина тешки. Верувајте ми. Никој не може да си претстави колку физичка и психолошка енергија беше потребна за да се работи во овој клуб“, коментира Анчелоти.



ЕМЕРИ ВО ПРВ ПЛАН

По овие изјави од Анчелоти во Милан очигледно ќе мора да се насочат кон стратегот на Севиља. Во таборот на „росонерите“ планираат да го донесат Унаи Емери, кој во две години по ред игра во финалето на Лигата на Европа со својот тим.

Сепак, оваа вест останува со резерва бидејќи во Милан и понатаму се надеваат дека ќе успеат да го убедат Карло Анчелоти да го преземе водењето на тимот од Милано.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...