Пирло гледа кон Њујорк

Давид Виља наскоро би можел да добие екстра соиграч од средниот ред во Андреа Пирло со што тимот на Њујорк Сити ќе стане многу поопасен и тим кој ќе биде гледан далеку поинаку.

Пирло на крајот од сезоната планира да го напушти Јувентус иако има договор на уште една сезона. Тој изјави дека посакува да го напушти тимот со титула во Лигата на шампионите, па веќе почнаа информациите која ќе биде неговата следна дестинација.



Покрај Њујорк Сити во комбинација е и Ал-Џаиш од Катар, тим којшто бара начин да му парира на Ал Сад каде што веќе сигурно пристигнува Чави.

Доколку не се оствари планот за Пирло да се пресели во САД во тимот на Њујорк тогаш нема да биде изненадување ако заврши во Катар каде што со Чави ќе придонесат многу за развојот на фудбалот и ќе донесат многу поголема популарност.

„Нема дилема дека двајцата се број 1 во последните 15 години. Двајцата се врвни играчи и се класа пред другите особено со својата стабилност во играта. Им посакувам успех и дефинитивно очекувам да бидат во главна улога каде и да играат. Чави е веќе сигурно каде ќе игра следната сезона и му посакувам успех бидејќи има неверојатно висок спортски дух. Сигурен сум дека истото ќе го постигне и Пирло, но тој прво треба да реши каде ќе ја игра новата сезона“, вели Џанлуиџи Буфон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...