„Пакетче“ вредно 50 милиони фунти за Кејн

Манчестер Јунајтед го ослободи Радамел Фалкао и е решен да донесе нов напаѓач во своите редови, и тоа не било кого туку фудбалска ѕвезда. Управата на клубот од Манчестер сака да го донесе напаѓачот Хари Кејн, кој во сезоната што помина имаше импресивни настапи.



Челните луѓе се подготвени да достават „пакетче“ вредно 50 милиони евра во замена за Хари Кејн.

Имено, менаџерот Ван Гал ќе му понуди на Тотенхем да одбира меѓу три играчи Хавиер Хернандез, Нани и Аднан Јанузај и плус пари за 21-годишниот фудбалер кој сезонава во сите натпреварувања постигна вкупно 30 гола.

Тотенхем имаше големи проблеми во сезоната што помина. Играчите не беа на нивото, а резултатите беа разочарувачки. Кејн беше единствената светла точка, додека другите напаѓачи Роберто Солдадо и Емануел Адебајор веќе втора сезона се вистинско разочарување и летово ќе го напуштат клубот. Прашање е дали Тотенхем ќе се согласи на оваа понуда на Јунајтед бидејќи ако остане без Кејн ќе мора комплетно да го реконструира нападот.

Кејн во февруари оваа година го продолжи договорот со Тотенхем на пет и пол години, поточно до јуни 2020 година. Во меѓувреме Тотенхем се вклучи во трката по белгискиот напаѓач Кристијан Бентеке од Астон Вила.



ЗА БЕНЗЕМА 55 МИЛИОНИ ЕВРА

Манчестер Јунајтед сериозно е заинтересиран за напаѓачот на Реал Мадрид Карим Бензема. Според пишувањата на „Манчестер Ивнинг Њуз“, претседателот на „Црвените ѓаволи“ Ед Вудвард минатата среда во Лондон имал состанок со агентите на Бензема и било разговарано за негов трансфер на „Олд Трафорд“. Французинот има договор до 2019 година, меѓутоа со доаѓањето на Рафа Бенитез на клупата на „Кралевите“ работите можат да се променат.

Според пишувањата на мадридските весници, Бензема би го напуштил „Сантијаго Бернабе“ во случај на понуда од 55 милиони евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...