Шведска со Златан на Олимписки игри? Златан Ибрахимовиќ може да заигра за шведската фудбалска репрезентација на Олимписките игри во Рио де Женеиро следната година. Шведската репрезентација до 21 година обезбеди место во полуфиналето на Европското првенство, што автоматски извади и билет за Олимписките игри.
Според правилата на фудбалскиот турнир на Олимпијадите репрезентациите можат да имаат тројца фудбалери постари од 23 години. 33-годишниот Ибрахимовиќ, кој е капитен на сениорскиот национален тим на Шведска вели дека ќе игра ако тоа од него го побара селекторот.
„Зошто да не? Ако добијам шанса да ја претставувам Шведска на Олимпијадата би ја искористил. Секако сè зависи од селекторот. Ако сака, јас сум достапен за помош“, изјави Ибрахимовиќ.
Ѕвездата на шведскиот фудбал има настапувано на три Европски и на две Светски првенства.