ФРАНЦУЗИН ПРИФАТИ ДА ГО ОБЛЕЧЕ ДРЕСОТ НА „ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ“

Шнајдерлин го засилува Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед го засилува средниот ред со францускиот репрезентативец Морган Шнајдерлин, кој во текот на оваа недела ќе ги прецизира деталите и ќе го облече дресот на „Црвените ѓаволи“, пренесуваат англиските медиуми. Шнајдерлин ја прифатил понудата од Манчестер и ќе го напушти Саутемптон по седум години верност. Тој ќе потпише четиригодишен договор, а клубот од „Олд Трафорд“ ќе плати 25 милиони фунти.

Овој играч беше интересен и за Арсенал, кој не беше во можност да ги исполни неговите високи побарувања.

Шнајдерлин е дефанзивен играч за врска, а последните две сезони му беа најуспешни во Премиер-лигата во кариерата бидејќи имаше најмногу освоени топки и точни додавања од кој било играч во најсилната англиска лига. Тој има 230 настапи за Саутемптон во Премиер лигата и 14 погодоци. Претходно настапуваше за Стразбур. За Франција запиша девет настапи.

Шнајдерлин станува второто летно засилување за Манчестер Јунајтед по холандскиот крилен напаѓач Мемфис Депај. Но трофејниот англиски клуб нема да застане тука. Во план се уште неколку засилувања, а меѓу нив и Бастијан Швајнштајгер од Баерн Минхен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...