КЛУЧНИТЕ ИГРАЧИ СИ ЗАМИНУВААТ ОД ТОРИНО

Јувентус ја губи „магијата“ за успехот?

Екипата на Јувентус е најдоминантниот тим во топ 5 лигите во Европа во последните неколку години. „Старата дама“ четири сезони по ред е најдобар во Серија А, а сега е и актуелен освојувач на Купот на Италија.

Својата сила тимот ја покажа и во елитното европско натпреварување бидејќи стигна до финалето во Лигата на шампионите, каде загубија од Барселона. Од Јувентус најавуваат дека сакаат да продолжат во ист ритам и во следниот период, но можно е токму летово да се случи да се загуби „магијата“ што беше создадена во Торино.

ТЕВЕЗ И ПИРЛО ОТИДОА ПРЕКУ „БАРАТА“

Еден од најзаслужните за успесите секако е ветеранот Андреа Пирло. Легендата на италијанскиот фудбал најави дека, конечно, ќе ја напушти Серија А и ќе ја продолжи кариерата во американската МЛС. Оваа недела тој треба да го комплетира договорот со екипата на Њујорк Сити. Се очекува најдоцна за еден месеци, Пирло дури и да дебитира за новиот клуб во Америка. На 36-годишна возраст тоа ќе биде негово прво искуство да игра во некое друго првенство.

Ако за Пирло се чека официјализација за трансферот во САД, напаѓачот Карлос Тевез веќе е нов играч на Бока јуниорс. Аргентинецот од претходно најави, а сега тоа и го оствари и се врати во екипата каде ја почнал играчката кариера.Тевез во Јуве помина две сезони и во 66 меча во Серија А, даде 39 погодоци. Во Бока со нетрпение го очекуваат враќањето на играчот кој кариерата ја почна тукму на стадионот „Ла Бомбонера“.

АРСЕНАЛ ДАВА 21 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА ВИДАЛ

Освен двајцата искусни играчи кои полека се на залез од кариерата, пред излезната врата од најтрофејниот италијански клуб е и Артуро Видал. Чилеанскиот репрезентативец е цел на неколку европски гиганти. Најсериозен е Арсенал, кој упати и официјална понуда. „Топчиите“ се подготвени да платат 21 милиони фунти за офанзивниот играч за врска, кој од 2011 година е во Торино и тука го покажа својот раскошен талент.

Сепак, за евентуалниот трансфер на Видал не може да се решава сè додека тој има репрезентативни обврски со Чиле. На Копа Америка Видал и дружината се подготвуваат за полуфиналниот дуел со Перу. Дури потоа играчот ќе размислува за евентуално заминување од Јувентус.

МОЖЕ ДА ГИ ЗАГУБАТ И МОРАТА, ПОГБА И ЉОРЕНТЕ

Во отсуство на Тевез сега главен во нападот треба да биде младиот Алваро Мората, кој веќе го покажа својот талент. Шпанецот кој дојде од Реал Мадрид, потпиша петгодишен договор. Сепак, адвокатот кој посредуваше во овој договор предупредува дека Јувентус во 2016 година може да го загуби Мората, доколку Реал плати 30 милиони евра. Затоа тој посочува дека мора да се ревидира договорот на Мората, за Јувентус да биде сигурен дека Реал нема да проба да го врати назад.

Од офанзивците цел на неколку екипи се и Фернандо Љоренте и Пол Погба. За Љоренте се интересира Ливерпул, додека Погба го бара „пола“ Европа. Јуве во нападот се засили со Марио Манџукиќ, што значи дека тренерот Масимилијано Алегри повторно ќе има силен состав, но ќе треба да се обиде да ја сочува хемијата и сплотеноста на екипата ако сакаат повторно да го одбранат тронот во Италија и да го повторат успехот во Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...