Ова е трансфер на летото: Од беда до ѕвездите

Еден од најголемите трансфери во летниот преоден рок, секако, е преминот на Џексон Мартинез од Порто во Атлетико Мадрид. Три сезони во дресот на португалскиот великан, беше најдобар стрелец во португалската елитна лига, а тоа е доволна препорака за трансфер во друг клуб од посилно првенство.

Почетоците на Џексон Мартинез се класична приказна за сиромашни Јужноамериканци кои преку трње стигнаа до ѕвездите. Роден е во Кибдо (Колумбија), во еден од највлажните региони во светот, во сиромашно семејство. Тој бил толку сиромашен што во детството немал видено како изгледа пезос (валута во Колумбија). Но, упорноста и борбата за живот го направиле Мартинез цврст и решителен. Сега е еден од најдобрите фудбалери на планетата.

ТРЕНЕРОТ МУ КУПУВАЛ ШОРЦЕВИ И КОПАЧКИ

Скаутите на Индепендиенте од Меделин го забележалеуште во 2004 година на еден локален турнир за деца, меѓутоа шансата да заигра за овој славен колумбиски клуб за малку ќе отишла во неповрат бидејќи родителите на Мартинез немале пари да го испратат на пат долг 200 километри. Во фамилијата Мартинез немало доволно пари за здрава исхрана, а имало случаеви кога малиот Џексон гладувал и по повеќе од 10 дена. И покрај лошите услови за живот татко му успеал да му обезбеди средства за да го испрати синот во Индепендиенте каде понатаму за него се борел тренерот Педро Сармијенто.

„Беше многу слаб, неговото тело беше речиси деформирано. Се случуваше да биде гладен и до две недели. Живееше во очајни услови. Лично морав да му купувам шорцеви, копачки и чорапи за тренинг. Тој не беше сиромашен. Тој беше повеќе од тоа. Тој живееше во беда“, открива Сармијенто.

Вториот негов тренер, Сами Ендор, пред да биде запознаен со ситуацијата, нон-стоп го карал поради неговото постојано доцнење на тренинзи, но потоа се расплакал кога ја дознал причината за тоа.

„Уста не отвораше од срам. Секогаш доцнеше на тренинзи. Јас му викав, а тој не одговараше. Како да викав на ѕид! Потоа ми открија дека доцнел затоа што немал пари за превоз и секој ден одел пеш. Два часа за на тренинг и два часа за назад. Во џебот немаше ни скршена пара. Тогаш го земав да живее кај мене“, вели Ендор.



НА ДЕБИТО СВИРЕЖИ


Навивачите не биле чувствителни кон Мартинез на неговото деби како фудбалер на Индепендиентге. Добил силни свирежи и пцости поради очајниот настап, па тренерот го тргнал на страна за да го сочува од притисок. Но, затоа на следното излегување на теренот Мартинез го истурил сиот бес.

„Го уништи ривалот. Играше со бес во очите. Потоа никој повеќе не му приговараше“, открива Ендор.

Првиот договор му носел 400.000 пезоси (172 евра), а вториот двојно повеќе. За момче кое претходно живеело на леб и вода, некогаш и помалку, тоа бил сосема доволен мотив да издржи.

„Во една пригода седнав до него и му кажав дека ако се пробие во првиот тим ќе заработува по 800,000 пезоси. А тој ме погледна и ми се насмевна“, открива претседателот на Индепендиенте, Фернандо Хименез.

„По само пет дена тренинзи со првиот тим тренерите ме прашаа: Каде го најде? Па тој е ѕвезда. Не знаеја дека е веќе наше момче“, вели Хименез.

Од 2004 до 2009 година Џексон настапуваше за Индепендиенте со кого освои една шампионска титула, па и покрај интересот на аргентинските клубови кариерата ја продолжува во мексиканскиот Чијапас. Тој имаше фантастични изданија на патот на мексиканскиот клуб до четвртфиналето на Копа Либертадорес во 2011 година, а за три сезони во редовите на „јагуарите“ постигна 35 голови во 69 натпревари.

ПОВИК ОД ПОРТО

Иако играше во Мексико, неговите настапи не останаа незабележани. Порто цврсто реши да го донесе и покрај критиките од медиумите, кои не веруваа дека Мартинез може да ги замени ѕвездите Хулк и Фалкао (преминаа во Зенит и Монако). Без размислување Мартинез ја прифаќа понудата и почнува нова ера - на подобар живот и фудбалски напредок.

Три сезони по ред беше најдобар стрелец во португалската Примеира притоа уривајќи клупски рекорди на Фалкао, Лисандро Лопез и Хулк.

Најдобрата сезона во Лигата на шампионите ја имаше во 2014/15 кога влезе од клупата и го спаси Порто од пораз од Шахтјор Доњецк. Украинците водеа со 2:0, а Мартинез даде два гола за 2:2. Во четвртфиналето во победата на својот тим над Баерн Минхен од 3:1 изнуди пенал и го постигна последниот гол. За жал, неговиот тим не успеа да издржи во реваншот.

КОКЕТИРАЊЕ СО МИЛАН, „ДА“ НА АТЛЕТИКО

Репутацијата што ја стекна во Порто значеше и интерес од други клубови. Со конкретен предлог излегоа Милан и Атлетико Мадрид, меѓутоа додека „росонерите“ се двоумеа околу сумата која треба да ја платат на Порто, ситуацијата ја искористи Атлетико Мадрид. Мартинез стана „Јорганџија“ и тргна по стапките на неговиот сонародник Радамел Фалкао (исто премина од Порто во Атлетико).

„Одам во Атлетико Мадрид. Се надевам дека тука ќе продолжам да се развивам како играч. Потпишувам договор на четири години“, вели Мартинез.

Медиумите шпекулираат за сума меѓу 30 и 35 милиони евра.

Прекарот му е „Ча ча ча“

Мартинез е горд на својот прекар „Ча ча ча“ и многу му е мило кога луѓето ќе го наречат така. Истиот го добил од татко му поради начинот на дриблинг кој наликувал на овој популарен карипски танц.

„Тој прекар ми го даде татко ми затоа што многу сакаше да игра ’Ча ча ча’. Тој исто така беше фудбалер, но никогаш не бил професионалец. Се откажал за да работи во селото и да се грижи за фамилијата. Денеска сум горд кога некој ќе ме нарече така. Тој прекар ме поврзува со татко ми“, вели Џексон.

За малку во Јужна Кореја

Пред да замине во мексиканскиот Чијапас, Мартинез можел да премине во Улсан од Јужна Кореја, но не го направил тоа затоа што проценил дека Корејците не се сериозни.

„Се договоривме со луѓето од Улсан и требаше да преминам во тој клуб. Неколку месеци подоцна испратија договор на корејски јазик и не можев ништо да разберам. Кога ми го препратија на шпански јазик видов дека ги смениле условите. Ништо не беше онака како што се договоравме. Си реков ова не е сериозно и се повлеков“, открива Мартинез.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...