Меси една година нема дадено гол од игра за „гаучосите“

Сонот на Лионел Меси дека ќе се радува на еден голем трофеј со репрезентацијата на Аргентина уште трае. Пред „гаучосите“ е полуфиналето од континенталното натпреварување, Копа Америка, а противник е Парагвај. Рано утрово се играше првата средба од оваа фаза, меѓу домаќинот Чиле и Перу. Победниците од овие два дуели ќе играат во финалето, кое е закажано за 4 јули.

Аргентина и Парагвај веќе еднаш играа на турнирот. Во групната фаза Аргентина водеше со 2:0, но Парагвај покажа квалитет и на крајот стигна до посакуваните 2:2. Тоа беше првпат во историјата на Копа Америка „гаучосите“ на полувремето да водат со 2:0, а на крајот да не се радуваат на триумф. Ако за тој меч може да се каже дека фаворитот се опушти во вториот дел, овој пат не смее да има деконцентрација бидејќи најмал кикс може да значи елиминација.



КАКО ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ЛОШАТА СЕРИЈА?

Јавноста во Аргентина очекува, конечно, Меси да го покаже целиот свој сјај и квалитет и во националниот дрес. Селекцијата која 14 пати била континентален шампион сега повеќе од две децении чека на триумф на Копа Америка. Капитенот е фрустриран бидејќи едноставно не може да ја затресе противничката мрежа. Ако не се сметаат погодоците дадени од пенал, Меси повеќе од една година не бил стрелец во националниот дрес. Последен пат има погодено на 25 јуни минатата година, за време од групната фаза на Светското првенство во Бразил против Нигерија. Оттогаш Аргентина има одиграно вкупно 16 мечеви на кои Меси не погодил од игра. Самиот фудбалер е фрустриран од овој факт.



„Против Перу одигравме многу добро, создадовме многу шанси, а не дадовме гол. Имав добра шанса да дадам гол, но пак не успеав. Сакам, конечно, да ја прекинам оваа лоша серија“, рече Меси, кој погоди во групната фаза против Парагвај, но од пенал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...