Чиле преку Аргентина го брка првиот трофеј

Пополека стигнавме и до завршницата на најголемото интернационално фудбалско натпреварување во Јужна Америка - Копа Америка во кое вторпат во историјата за трофејот ќе играат репрезентациите на Чиле и Аргентина. Чилеанците ја искористија предноста на домашен терен и демонстрираа атрактивен фудбал покажувајќи дека поседуваат квалитет со кој можат да ја урнат клетвата и првпат да го освојат трофејот од Копа Америка. Аргентинците по освојувањето на вицешампионската позиција на Светското првенство во Бразил уште еднаш ја покажаа својата висока класа, меѓутоа оваа генерација фудбалери за да остане запомнета мора да го донесе трофејот. „Гаучосите“ имаат дури 14 титули на Копа Америка, меѓутоа последната е освоена во 1993 година.



САМПАОЛИ ГИ ОДМОРАШЕ ФУДБАЛЕРИТЕ

Репрезентативците на Чиле толку се изморија по триумфите над Уругвај и Перу во нокаут-фазата што селекторот Хорхе Сампаоли мораше да ги поштеди од напори за да бидат подготвени за финалната пресметка со ѕвездите на Аргентина. Сампаоли е загрижен за физичката кондиција на Алексис Санчез, Артуро Видал, Хорхе Валдивиа и Чарлс Арангуиз кои изминатите два дена тренираа со послаб интензитет. Санчез и Арангуиз се посебно проблематични бидејќи чувствуваат болки во мускулите па мораа да прескокнат неколку тренинг сесии.

На прес-конференцијата пред финалето дефанзивците Хозе Рохас и Еугенио Мена порачуваат дека единството кое владее во екипата може да ги однесе до трофејот.

„Овој тим добро игра и нема потреба да го менува начинот на игра. Знам дека противникот ни е Аргентина, меѓутоа овој систем делува на овој шампионат и така треба да одиграме до крајот. Го сакаме трофејот исто како што тоа го посакуваат и нашите навивачи и целиот чилеански народ. В сабота ќе играме за Чиле и за испишување нова историја“, изјави Рохас.

„Играме дома и сакаме да го завршиме турнирот со трофејот. Обединети сме повеќе од кога било и мислам дека е време да го израдуваме Чиле“, вели Мена.



АРГЕНТИНЦИТЕ ПОЛНИ СО САМОДОВЕРБА

По триумфот над Парагвај со 6:1 самодовербата кај фудбалерите од аргентинската репрезентација порасна до небо. Локалните медиуми веќе се сигурни во титулата која се чека 22 години.

„Чиле е исплашено“ стоеше на насловната страница на дневниот спортски весник „Оле“ по триумфот на Аргентина над Парагвај.

„Ова е ненаситна група. Таа е гладна за успех и може да го донесе трофејот во Аргентина и да го оствари сонот“, продолжува весникот.

„Гаучосите“ не блескаа во групната фаза, но затоа одиграа фантастично во нокаут-фазата. Покажаа трпеливост и концентрација против Колумбија во четвртфиналето (победувајќи на пенали), а потоа ефикасност против Парагвај. Многумина му замеруваат на Лео Меси што не постигнува голови, но тоа и не е толку важно сè додека екипата победува. Селекторот Тата Мартино добро ги подготвил пред сè псхички по разочарувачкиот пораз во финалето на Мундијалот во Бразил пред една година.

„Меси нема потреба да дава голови. Доволни се неговите пасови. На сите им е важно Аргентина да победува. Додека тимот победува сите сме среќни“, вели Мартино.



„Чиле игра многу добро на овој турнир. Мислам дека се едни од најефикасните и најнепредвидливите тимови. Тие веќе три години го градат тимот и строго се придржуваат кон планот. Не менуваат често и мислам дека нема да се сменат ни против нас. Ќе се обидат да нè притиснат и да нè добијат на крилата на „домашната атмосфера и затоа треба максимално да се концентрираме и да не им дозволиме премногу да ја држат топката во свои нозе“, вели Мартино на кого ова му е трето учество на Копа Америка (претходните две му беа со Парагвај).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...