Чилеанците созреаја за голем резултат

Менаџерот на Манчестер Сити, Чилеанецот Мануел Пелегрини, во моментов е интересен поради тоа што неговата земја е домаќин на Копа Америка, а репрезентацијата се најде во финалето каде што утревечер ќе игра против Аргентина во финалето од 22 часот.



Со оглед на тоа што Пелегрини многу често се споменува како потенцијален кандидат за селектор и можен наследник на Сампаоли кога тој ќе се повлече од селекторската работа.

Во своето последно интервју тој зборува за случувањата на Копа Америка, за репрезентацијата на Чиле, за тимот на Манчестер Сити, но и за неговата досегашна работа како селектор. Тој е задоволен од она што го има постигнато досега во кариерата и е сигурен дека ќе може да освои уште некој трофеј во иднина.

- Како ви се чини нивото на Копа Америка?

„Она што беше одиграно во групната фаза беше нормално. Во тој дел од турнирот вообичаено има поголемо ривалство. Сега кога турнирот е во завршна фаза мислам дека видовме подобар фудбал. Елиминациите донесоа поголем квалитет“.



- Сметате ли дека Чиле може да ја земе титулата за првпат?

„Јас верувам во тоа... Според она што го гледам, Чиле има екипа и играчите се убедени дека можат да направат голем резултат. Тие го спроведуваат на дело она што Сампаоли го бара од нив. Гледам дека се сплотени околу тренерот и тоа дава резултат. Чиле се наоѓа во идеалниот момент за да го постигне резултатот што е посакуван“.

- Имаше ли репрезентација што ве разочара?

„Дефинитивно Бразил. Се разочарав како од играта така и од резултатите. Очекував многу повеќе. Во репрезентацијата има добри фудбалери кои располагаат со одлична техника, но шемата им е премногу застарена и едноставно играта беше таква што не можеше да донесе резултат“.

- Што ќе се случи со некој ваш играч ако во една вечер кога е слободен му се случи она што му се случи на Артуро Видал? Како ќе постапевте?

„Не сакам да одговорам на тоа прашање. Во моментов Чиле има селектор и тој е оној што ја презема одговорноста и што носи одлуки за сето она што се случува со репрезентацијата. Затоа ние што сме надвор од националниот тим не треба да зборуваме за тоа. Треба да му дадеме поддршка за сето она што го прави“.

- Како што ве познаваме имаме чувство дека Вие немаше да го примите Видал да продолжи да игра на Копа Америка по инцидентот.

„Морам да повторам. За среќа, јас не сум на местото на селекторот Сампаоли“.

- Ве изненади ли она што се случи со Видал?

„Зборуваме за млади луѓе кои дозволуваат грешки. Најлошото во случајот со Видал беше возењето на автомобилот по употреба на алкохол. Тоа е надвор од чисто спортска тема. Има еден закон кој е целосно јасен и важи за сите. Во него нема исклучок за никого, ниту за фудбалерите“.

- Можеби проблемот е во слабостите при развојот на фудбалерот?

„Тој случај имаше голем публицитет бидејќи стануваше збор за познат фудбалер. Но, тука морам да потенцирам нешто многу важно: Законот важи еднакво за сите. Тој кој пие алкохол не може да управува со автомобил. Целиот свет знае дека главно фудбалерите доаѓаат од најниските општествени слоеви, но има многу од тие кои никогаш не возат автомобил кога пиеле и имаат добро поведение. Законот вели дека никој не може да вози пијан. И тука сметам дека ова е главниот проблем во целиот случај“.



- Имал ли претседателот на Фудбалската федерација на Чиле, Серхио Хадуе, разговарано со Вас во Англија?

„(Се смее) Го видов пред еден ден и зборувавме на стадионот...“

- Зборувавте ли за можноста Вие да го преземете националниот тим?

„Многупати сме разговарале со Серхио Хадуе и тој одлично знае што мислам“.

- Планот на Федерацијата е Вие да ја преземете репрезентацијата по Сампаоли.

„Не е така. Видете, не сакам да одам на стадионот за да не почнат да зборуваат разни нешта на таа тема. Во моментов се интересирам само како да останам да работам во Европа колку е можно подолго“.

- До каде е испланирана вашата кариера?

„Тешко е да се види подалеку од ова. Пред да потпишам со Манчестер Сити можев да изберам многу други големи европски клубови. Избројте колку јужноамерикански тренери успеале да останат десет години во Европа. Не зборувам за тренерите од Чиле туку за јужноамериканските. Нема такви“.

- Колку години уште се гледате како тренер во Европа?

„Додека имам можност да водам силен и амбициозен тим во кој ќе се чувствувам добредојден“.

- Сте имале можност да преземете некоја друга репрезентација?

„Да. И точно од таа причина и ја отфрлив понудата“.



- На Светското првенство во Бразил бевте телевизиски коментатор. Ви се допадна ли?

„Не. Не ми беше удобно и мислам дека тоа беше една голема грешка од моја страна“.

- Жалите ли?

„Видете, тука станува збор за нешто посериозно од тоа дали жалам или не. Нема да го направам тоа повторно. Секогаш сум сметал дека не е етично еден активен тренер да коментира на телевизија или да критикува други тренери. Кога си коментатор и не критикуваш тогаш си многу здодевен. Или си новинар или си тренер. Ако извесно време не си на тренерската позиција и во текот на тој период отидеш во телевизија тоа не е етично“.

- Зошто тогаш ја прифативте поканата?

„Сакав да одам на Светското првенство. Си реков: Ќе се стремам да имам фудбалски коментари, но сметав дека во таа работа треба да има и нешто повеќе. И кога веќе си се фатил на орото мора да кажеш нешто што мислиш дека е подобро да не го кажуваш“.

- Кога го заклучивте тоа?

„Уште на првиот натпревар. Кога видов дека треба да кажам некои нешта што ги видов, но не сакав. Тоа беше грешка“.

- Дали во Англија се игра најдобриот фудбал?

„Не. Најдобриот фудбал во светот се игра во Шпанија. Сепак, најдобрата лига во светот е Премиер-лигата, и тоа со голема разлика пред другите. Таму има силни институции, нивото на тимовите е многу израмнето, со многу високо темпо и интензитет во играта. Средбите се на живот и смрт, а има и многу подобра атмосфера и полни стадиони. Меѓутоа, најдобриот фудбал е во Шпанија. Оваа година Барселона ја освои Лигата на шампионите, а Севиља победи во Лигата на Европа. Минатата година тоа беа Реал Мадрид и Севиља“.



- Согласен ли сте со тоа дека Меси и Кристијано Роналдо се најдобрите во светот?

„Да. Тоа е вистината. Сепак, Меси и Кристијано Роналдо оставаат во сенка многу други фудбалери: Иниеста, Суарез, Нејмар, Бускетс, Серхио Рамос... Во Шпанија се најдобрите фудбалери и најдобрите тимови во светот“.

- А на кои тренери им се восхитувате?

„Има многу тренер со кои го делиш начинот на кој ѝ пристапуваат на професијата. За мене такви се Пеп Гвардиола, Висенте дел Боске, Арсен Венгер... Не е толку восхитување колку еден ист начин на кој се гледа на професијата. Јас не сум од тие кои сметаат дека треба да се оди зад победникот. Претпочитам личности кај кои има совпаѓање меѓу она кое го мислат и она што го прават“.



- Каква оценка давате за сезоната на Сити?

„Би рекол еден неутрален баланс. Не беше како во мојата прва година во клубот. Одигравме едно нормално првенство во Премиер-лигата бидејќи за да бидеш меѓу првите три екипи во Англија значи дека имаш добра сезона. Има пет екипи кои можат да станат шампиони. Ние завршивме како втори. По тоа отпаднавме од Лигата на шампионите против Барселона, но тоа беше предвидливо. Сезоната беше лоша во однос на натпреварите во Куповите. Њукасл нè елиминираше на наш терен, а во другиот куп отпаднавме од Мидлзборо. Во таа смисла Арсенал имаше подобра сезона од нашата. Овој тим заврши на 3. место во првенството, но освои еден Куп. Нашата сезона беше нормална, ништо повеќе“.

- Тоа значи дека е под вашите очекувања и оние на вашите шефови.

„Сите во клубот се незадоволни од претставувањето на клубот во текот на сезоната. Сопствениците, директорите, тренерот, играчите, фановите, сите. Но, да се тврди дека јас си заминувам поради тоа, е тука има голема разлика“.

- Во даден момент нели си помисливте дека ќе си заминете? Многупати се тврдеше дека тоа е веќе решено...

„Никогаш не сум помислил дека ќе ме избркаат. Јас ја знаев реалноста внатре во клубот. И место да се тревожам од медиумите, се трудев да го кренам мојот тим“.

- Што недостигаше?

„Ни недостасуваа поголема амбиција и поголема жртва“.



- На играчите?

„Општо земано на сите. Успешната претходна сезона изгледа придонесе за опуштање за кое јас сум главниот виновник бидејќи јас сум тој кој го води тимот. Не е извинување, но немаше како да бидеме фаворити токму ние, особено откако Челзи, Ливерпул, Арсенал и Манчестер Јунајтед можеа да трошат за трансфери колку што сакаат“.

- Значи казната од УЕФА ве запре да не трошите многу на трансфери...

„Тимот има голема потреба да се засили, а особено важно е како ќе се направи тоа особено кога е шампион. Сепак, кога човек зборува како тренер и се труди да даде фудбалски објаснувања тогаш велат дека си бара оправдувања. Јас немам никакво оправдување. Ја сум најнезадоволниот од сезоната“.

- Имавте ли проблеми со односот со играчите? Се зборуваше за скандали со Туре и Компани.

„Сето она што е шпекулација однадвор е тешко постојано да се демантира. Никогаш немало проблеми со ниту еден играч“.

- Какво засилување му треба на Сити за да ги подобри резултатите во ЛШ?

„Сити мора да направи скок на полето на квалитет. Тоа се виде на средбите против Барселона. Јас сум во клуб кој расте постојано и кој го има потребниот економски потенцијал да направи големи работи. Уште има голема разлика со најголемите европски клубови и ние се трудиме да ја намалиме и на теренот и во раководењето на тимот. За следната сезона сакам да победуваме, сакам тимот да игра добро, со игра која ќе им се допаѓа на сите бидејќи има различни начини да победувате. Мене ми се допаѓа да победувам со искусен тим“.



- Сметате ли дека во моментов сте на врвот од кариерата? Дека водите тим точно таму каде што сакате да тренирате?

„Ако направам пресек на кариерата, јас сум многу задоволен од постигнатото бидејќи се искачував на различни етапи во Чиле, Еквадор и Аргентина. Потоа кога отидов во Виљареал имав договор барем двапати помалку од тоа кое можев да го заработам во Мексико, каде што исто така можев да отидам. Сепак, мојата кариера секогаш била насочена кон Европа“.

- Им замерувате ли нешто на вашите критичари?

„Не, бидејќи и во Аргентина, и во Шпанија и во Англија мојата најголема гордост беше што не зависам од медиумите, што работам на еден и единствен начин, а тоа е најтешкиот. Кон сите новинари се однесувам на еден и ист начин. Не им се јавувам. Држам до мојата независност“.

- Се чувствувавте ли ценет во Чиле?

„Да. Многу. Особено во последниот период, од Реал Мадрид наваму. Имам осум или девет титули во кариерата, а имав среќа да го променам начинот на тренинзи во Аргентина. Во Шпанија го сменив начинот на игра со користење на различни крила место фиксирани крила, како што беше наложено и во шпанскиот национален тим. Има многу работи за кои сум многу задоволен во кариерата“.

- Верувате ли во лоша среќа? Не е ли чудно да постигнете рекорд со Реал, а потоа да се сретнете со Барселона...

„Зависи како гледате на тоа. Јас ќе бев најсреќниот човек ако стигнев до полуфиналето од ЛШ со Малага, ако Рикелме постигнеше гол од пенал за Виљареал или ако станев шампион со Реал Мадрид. Сепак, јас сум среќен и со моите девет титули за десет години како тренер во Европа“.

- Вие секогаш ги истакнувате вашите статистики.

„Затоа што тие се оценка за мене. Не се истакнувам со нив. Човек треба да критикува со причина. И таа причина треба да биде аргументирана со нешто“

- А тоа што го зборуваат другите тренер како Мурињо? Веднаш му одговоривте.

„Понекогаш човек треба да одговори за да не изгледа како глупак. Не зборувам за Мурињо туку за многу тренери“.



- Најголемиот спор го имавте со Мурињо...

„Ако по еден одговор следи друг тука ни паѓа нивото. Ете зошто гледам да не влегувам постојано во спор. Беше прифатено како критика неговото искажување дека тој не би тренирал екипа како Малага. Мене ми е сеедно. Најдоброто решение во мојата кариера беше да ја предводам токму Малага“.

- Зарем тој не Ве нервира? Нормално ли е да се чувствува така човек по толку напади?

„Зависи. Да влегувам во спор секогаш кога ќе кажат нешто... Тоа е неговиот начин. Се случува така што кога тој победува, новинарите тргнуваат кон него. Минатата година кога станавме шампиони јас не ја отворив устата. Годинава Челзи ги освои истите титули кои ги освоивме и ние претходно. Кога тој победува, сака да си припише заслуга за сè. Јас не правам така. Немам проблеми со Мурињо, тој не ми е проблем. Таков конфликт не се случува. Јас сум негов ривал во сè. Тој си е таков како личност и јас немам намера да го анализирам, ниту да влегувам во конфликти“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...