Вардар сака, Вардар може!

„Сакаме добар резултат, скор кој ќе ни донесе добар реванш натпревар во Скопје. Во исто време ова е само прв меч кој може, но и не мора ништо да значи пред вториот натпревар“, смета фудбалерот од средниот ред.

Вардар. Тоа е најзвучниот македонски клуб, тоа е тимот кој е најтрофеен во нашето првенство. Тоа е најпознатиот фудбалски бренд во нашето првенство. Во последно време во Вардар се случија многу промени, па време е и Европа да слушне за ова име, за овој фудбалски бренд, а тоа е можно само со успех на меѓународна сцена, нешто што ниту еден наш тим не може да се пофали. Меѓутоа, со оглед на вложувањата и раководната структура, време е и за такво нешто и тоа од најтрофејниот македонски тим кој ова лето ќе ја претставува Македонија во најелитното натпреварување во Европа - Лигата на шампионите.



А, Вардар патот кон „ѕвездите“ го стартува во Никозија. На ждрепката падна тежок противник во името на АПОЕЛ, кој двапати има учество во групите од Лигата на шампионите, неколку пати беше дел од Лигата на Европа. Тоа е искусен тим кој стои на патот на амбициозните „црвено-црни“, кои силно го посакуваат „скалпот“ на АПОЕЛ, силно посакуваат да поминат понатаму. Го имаат ли Вардарци рецептот за такво нешто, ќе видиме вечерва во Никозија на стадионот „ГСП“, со почеток во 19 часот. Тешка ќе биде задачата за Вардаровите играчи, но на маката јунаците се познаваат па време е јунаците да ја издржат оваа битка, да се обидат да дојдат до победа која се чека уште од далечната 2004 кога последен пат беше совладана софиска ЦСКА, и тоа е последниот триумф на Вардарци во Лигата на шампионите.

ПРОТИВНИКОТ ФАВОРИТ? УШТЕ ПОДОБРО

Последните неколку денови во фудбалска Македонија многу се зборува за дуелот АПОЕЛ - Вардар. Во сенка на екипите кои играат во Лигата на Европа јавноста е во исчекување на вечерашниот меч во Никозија, кој ќе го покаже патот на „црвено-црните“, односно до каде е моќта и силата на овој тим, за кој се вели дека е најдобриот во последните 15 години. Меѓутоа, исто така свесни се Вардарци дека играат против противник кој е фаворит, иако неколкумина од нив најавија дека шансите се 50-50.

„Јас не би се согласил со некои од моите соиграчи и од стручниот штаб дека шансите се 50-50. Фаворитската улога би му ја препуштил на АПОЕЛ. И тоа може да биде добро за нас, затоа што АПОЕЛ ако не го мине Вардар би било катастрофа. Не дека и за нас не би било лошо, но ние сме аутсајдери и ако би успеале да поминеме понатаму, да направиме голем успех тогаш би било одличен успех со кој ќе треба да се гордееме затоа што играме против екипа која има искуство во Лигата на шампионите“, вели Никола Глигоров.



ПРИТИСОКОТ НА СТРАНАТА НА АПОЕЛ

И таа фаворитска улога носи на некој начин еден вид притисок на екипата на АПОЕЛ, и тоа може да биде предност за Вардар.

„Токму така. АПОЕЛ е фаворит и реков дека тие елиминацијата не би ја прифатиле така лесно. Затоа тоа што мора по секоја цена да поминат носи одреден притисок врз нив кој ние се надевам дека ќе го искористиме. Добро е познато дека кога се игра под притисок е најтешко. АПОЕЛ добро знае со кого игра. Вардар во последните две години не е истиот Вардар од минатото и се надеваме дека тоа ќе го покажеме вечерва на теренот на противникот“, смета фудбалерот од средниот ред.

ГОЛ ВО ГОСТИ ЗНАЧИ МНОГУ

Сосема им е јасно на Вардарци дека секој поволен резултат носи полн стадион во Скопје на реваншот и шанса да се помине понатаму. Ако би успеале да постигнат гол вечерва на „ГСП“, па макар и минимален пораз, тогаш има шанси во реваншот.

„Секој поволен резултат за нас ни дава шанса на реваншот. Сакаме гол во гости, и ќе се трудиме да го постигнеме, но со него и не треба толку да се оптоваруваме. Ете може и чиста мрежа да ни одговора повеќе. Затоа колку е важно да дадеме гол, толку е важно да се одбраниме од налетите. Нè чека тешка задача и сите посакуваме добар резултат. Од друга страна, пак, тој гол на гости и не мора ништо да значи затоа што во фудбалот се случуваат разни работи, па може АПОЕЛ на гости да даде повеќе и тогаш ништо не сме направиле“, додава Глигоров.

РАБОТИТЕ ЌЕ СЕ РЕШАВААТ НА РЕВАНШОТ

Вечерва Вардар оди по позитивен резултат пред реваншот кој ќе гарантира добра атмосфера и атак на триумф над силниот противник.

„Сметам дека сите работи ќе се решат на тој втор меч во Скопје. Реков дека во фудбалот ништо не е готово сè додека судијата не свирне крај. Можеме од тука, од Никозија да се вратиме со победа од 0:1, а на реваншот не дај Боже да загубиме со 0:2. Или тука да бидеме поразени, па ние дома да ги победиме Во секој случај не може однапред да се прогнозира, и одлучувачки ќе биде тој втор натпревар во Скопје“, коментира играчот на „црвено-црните“.

КОЈ НЕ САКА ДА ОСТАНЕ ДОЛГО ВО ЛШ?

Верувале или не, за Никола Глигоров ова е прв предизвик во Лигата на шампионите иако неговата кариера е долга. Играше во Вардар и во Работнички и во тимот од странство кои излегуваа во Европа, но никогаш во ЛШ.

„Ете, ова ќе биде мојот прв настап во Лигата на шампионите. Имам многу натпревари во Интер-тото купот и во Купот на УЕФА или Лигата на Европа, но ова ќе биде мој прв предизвик. Тоа е натпреварување кое е најдобро во Европа и секој сака да биде дел од Лигата на шампионите. Кој не би сакал што подолго да остане таму, особено за тимови кои до сега не биле во групите. Имаме мотиви да стигнеме далеку, а и амбициите на раководството се да направиме нешто повеќе и во Европа, не само во Македонија. Кој не би сакал да го гледа Вардар во групите од Лигата на шампионите?“, се прашува Глигоров.



АТМОСФЕРАТА НА ТРИБИНИТЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПЛУС ЗА НАС

Вардар во Никозија го чека една пеколна атмосфера. Најавени се околу 15-20 илјади гледачи вечерва на стадионот, атмосфера која е сосема поразлична кога се игра во првенствените мечеви.

„Атмосферата ќе биде пеколна на трибините. Играв тука против АПОЕЛ и знам како се игра. Меѓутоа, тоа може да биде и плус за нас затоа што неретко и домаќините ’горат’ во една таква атмосфера. Тие ќе бидат понесени од навивачите, ќе напаѓаат, но ако не им оди, тогаш ќе ги фаќа нервоза и ќе чувствуваат поголем притисок. Затоа тоа може да излезе на крај и позитивно за нас. Ние имаме искусни играчи кои имаат играно вакви натпревари и затоа мислам дека нема да подлегнеме под атмосферата“, смета Глигоров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...