Ди Марија со мислите веќе во Пари Сен Жермен

Најтрофејниот англиски клуб, Манчестер Јунајтед, продолжува да биде најактивен на трансфер пазарот летово. „Црвените ѓаволи“ постојано се поврзани со многу трансфери, а дека не е се само на база на шпекулација, беше потврдено во последните неколку дена. На „Олд Трафорд“ се појави Бастјан Швајнштајгер и уште неколку нови засилувања, додека од клубот си замина Радамел Фалкао.

Сега на ред е повторно Јунајтед да продава. Според најавите, францускиот шампион Пари Сен Жермен не се откажува од желбата да го доведе Анхел Ди Марија. Полека, но сигурно деталите за трансферот се договараат и во многу скоро време може да се случи аргентинскиот репрезентативец да се пресели на „Паркот на принцовите“.

МАНЧЕСТЕР ЌЕ ЗАГУБИ 25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЕДНА ГОДИНА

Ди Марија во Манчестер стигна пред една година. Тогаш Јунајтед плати 85 милиони евра на Реал Мадрид, што претставува рекорд за еден играч во Премиер-лигата. Иако беше доведен како големо засилување, сепак, на теренот тоа не се покажа. Ди Марија не можеше да се вклопи во играта и имаше повремени блесоци, што е премалку за играч од негов калибар. Во финишот на сезоната, тренерот Луи ван Га целосно ја загуби довербата кај офанзивниот играч за врска и го седна на клупата за резерви. Тоа го разочара Ди Марија, кој изјави дека поминува низ тежок период од кариерата.



Ако лани Манчестер даде 85 милиони евра, сега би можел да го продаде за 60 милиони евра. Тоа значи дека за само 12 месеци вредноста на играчот е падната за 25 милиони фунти, кои ќе завршат како загуба на „Олд Трафорд“.

„СВЕТЦИТЕ“ ИМААТ ПАРИ ЗА СЕКОЈ ИГРАЧ ШТО ЌЕ ПОСАКААТ

Откако челниците на УЕФА го променија правилото за финансиски фер-плеј, големите европски екипи повторно може да трошат колку сакаат пари. Тоа е уште еден чекор плус за „светците“ од Париз да го комплетираат најавениот трансфер на Ди Марија. Ако во Манчестер не се покажа, претходно Аргентинецот помина неколку одлични сезони во тимот на Реал Мадрид докажувајќи дека се работи за врвен играч.

ЌЕ ДОБИВА 280.000 ЕВРА НЕДЕЛНО

Ако се прашува само фудбалерот, Ди Марија речиси сигурно ќе дојде во Париз бидејќи шампионот на Франција му нуди неодолива понуда. Тој би заработувал 280.000 евра неделно, со што би станал еден од најдоброплатените фудбалери во светот. Сепак, се чека „зелено светло“ од Манчестер, дали е подготвен по само една година да се откаже од играчот во кои толку веруваа дека ќе биде „мозокот“ на тимот и спојот од средината со нападот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...