Може да купиме кого сакаме, дури и Меси

Како по традиција екипата на Арсенал е една од потивките кога се работи за доведување нови играчи. „Топчиите“ ретко кога си дозволуваат луксуз да потрошат пари за некоја голема ѕвезда. Најчесто филозофијата на тренерот Арсен Венгер е да се направи квалитетен состав од играчи кои не вредат милионски суми.

Во досегапниот летен преоден рок Арсенал направи само еден трансфер. Во своите редови го доведе голманот на Челзи, Петр Чех. Ветеранот по повеќе од една деценија си замина од Челзи, а Арсенал го доведе верувајќи во неговото искуство. Овој трнасфер на Чех, сепак, е премалку за еден тим како што се „топчиите“ кои атакуваат на највисок пласман во Премиер-лигата.

 

ИМААТ 200 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА ТРОШЕЊЕ

Челниците на Арсенал велат дека клубот не е во криза и дека имаат доволно пари да купат кого сакаат. Според тоа може да се очекува во следниот период на „Емирати“ да дојдат неколку квалитетни играчи кои треба да му помогнат на тимот во обидот да стигне до титулата во борба со Челзи, Ливерпул и двата тима од Манчестер.

„Парите беа ограничени кога го правевме стадионот. Сега сме многу подобри кога се збори за парите кои ги имаме на располагање. Можеме да излеземе на пазарот и да купиме кого сакаме. Дури може да ги купиме и оние за кои викаат дека не се на продажба. На нашите сметки има преку 200 милиони фунти“, вели Филип Харис, кој е член на бордот на директори на Арсенал.

ЗАСЕГА НЕМААТ НИЕДЕН ИГРАЧ НА РАДАРОТ

Сепак, и покрај парите што ги има, познато е дека менаџерот Венгер нема да се расфрла со пари за нови играчи. „Можеме да му кажеме на Венгер дека нема пари и тој нема да се буни. Може да му речеме дека има и 100 милиони за трошење, па тој нема да ги потроши. Таков тип е Арсен. Досега единствено што дал многу пари е за Месут Озил и Алексис Санчез, кој го држи и клупскиот рекорд. Имаме толку пари што ако сакаме можеме да купиме која било голем супер ѕвезда вклучувајќи ги и Лионел Меси или Кристијано Роналдо“, додаде Харис.



Засега од Арсенал немаат конкретно кој играч им е потребен во пресрет на новата сезона. Затоа можно е да се случи „топчиите“ повторно да го преспијат преодниот рок, иако на сметките на клубот има доволно пари да се направи дрим тим кој би бил конкурентен за највисок пласман не само во Англија туку и во Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...