Проблеми за Уругвај пред стартот на квалификациите за СП

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани е казнет со два натпревари, а селекторот Оскар Табарез доби суспензија од три натпревари поради случувањата на средбата со Чиле во четвртфиналето од Копа Америка.

Фудбалската федерација на Јужна Америка го казни Кавани за удирањето на Гонзало Хара, откако беше испровоциран со вулгарен гест.


Во објаснувањето се наведува дека Кавани еден натпревар е казнет автоматски поради црвениот картон, а вториот натпревар суспензија го доби за навредите упатени кон судиите кои не забележаа дека Кавани е испровоциран од Чилеанецот.

Напаѓачот на Париз Сен Жермен ќе го пропушти натпреварот на националниот тим против Боливија на 8 октомври, а четири дена подоцна нема да смее да игра ниту на дуелот против Колумбија во квалификациите за Светското првенство во Русија.

Селекторот на Уругвај Оскар Табарез исто така, е суспендиран од три натпревари, поради навреди на судиите на истиот натпревар кој го доби Чиле со 1:0.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...