Моменталниот претседател на УЕФА, Мишел Платини потврди дека ќе се кандидира за претседател на ФИФА, денес објави BBC.
Платини денес ја објави својата кандидатура за претседателските избори во ФИФА кои ќе се одржат во Цирих на 26-ти февруари следната 2016-та година.
Платини веќе доби поддршка од 4 континентални конфедерации. Моменталнито претседател на ФИФА во заминување, Сеп Блатер е на чело на оваа организација од 1998-ма година.
Мишел Платини во професионалната играчка кариера го носеше дресот на Нанси, Сент Етјен и Јувентус.