Ибрахимовиќ и Де Геа ги пакуваат куферите

Со стартот на првенствата во Англија и Франција, само дополнително се зголемија шпекулациите за трансфер на две ѕвезди од светскиот фудбал. Се очекува до крајот на летниот преоден рок, во нови клубови да се преселат најдобриот играч на Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ и голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа.

ЗЛАТАН ОДМОРАШЕ ПРОТИВ ЛИЛ

Францускиот првак летово го направи најголемиот трансфер во Европа, откако за 64 милиони од редовите на Манчестер Јунајтед го доведе Анхел ди Марија. Аргентинецот не се снајде во англискиот тим, па „светците“ решија да го доведат во својот тим. Сепак се очекува францускиот првак да биде инволвиран во уште позвучен трансфер до крајот на летово. Веќе неколку недели се најавува заминување на нивната прва ѕвезда во тимот Златан Ибрахимовиќ.

Иако има уште за да го одработи договорот, популарниот Ибракадабра се очекува до крајот на август да го напушти „Паркот на принцовите“. Капитенот на шведската репрезентација неодамна самиот најави дека ќе си замине. Тоа го кажа по дуелот против Олимпик Лион во Суперкупот на Франција, кога „светците“ освоија нов трофеј.

СЕ РЕДАТ МНОГУ ЕКИПИ ЗА НАПАЃАЧОТ

„Ова е мојот последен меч за ПСЖ. Ќе се чудите кога ќе ви откријам каде ќе ја продолжам кариерата“, рече тогаш Ибра. Тогаш се крена многу врева околу следната дестинација на голгетерот. Се збореше дека може да се врати во Милан, но и дека англиските гиганти од Манчестер, Јунајтед и Сити се заинтересирани. Сепак, откако во следните неколку дена не се случи ништо, ситуацијата се смири, но се до првиот меч на ПСЖ во првенството.

Шампионот гостуваше кај Лил, а ниту на теренот, ниту на клупата за резерви го немаше името на Златан. Официјалната верзија е дека тој ги истегнал лигаментите на коленото и дека мора да мирува. Сепак многу поверојатно е дека Ибра да не лажел кога рече дека дуелот против Лион е последен за него во тој дрес.

Доколку направи трансфер, тој сигурно нема да биде поголем од сумата која ПСЖ ја плати за Ди Марија. Тоа е така бидејќи Швеѓанецот веќе има 33 години, што значи дека нема да може уште долго време да игра во врвна форма. Играчите на ПСЖ му дадоа поддршка на Ибра за да остане во Париз барем уште една сезона.

СЕРХИО РОМЕРО ЗАСТАНА НА ГОЛОТ НА ЈУНАЈТЕД

Кога по повеќе од една и пол деценија Реал Мадрид реши да му се заблагодари на легендарниот капитен Икер Касиљас и да го испрати во Порто, претседателот на клубот Флорентино Перез најави дека нов чувар на мрежата сака да му биде Давид де Геа. Тоа е голманот кој има актуелен договор со Манчестер Јунајтед. Реал Мадрид упати неколку официјални понуди за Де Геа, но од „Олд Трафорд“ категорично ги одбија, велејќи за раскин на договор бараат многу повеќе пари.

Самиот голман има изјавено дека чест би му било да брани за Реал Мадрид, но засега трансферот го кочат челниците на „црвените ѓаволи“. Сепак дека Манчестер е подготвен да се раздели од Де Геа и да имаат друг чувар на мрежата се виде на првиот меч од Премиерлигата сезонава, кога на голот се најде Серхио Ромеро. Репрезент6ативниот чувар на Аргентина имаше одлично деби, бидејќи не прими ниеден гол.

ДЕ ГЕА ПСИХИЧКИ БИЛ НЕСПРЕМЕН

За мечот против Тотенхем, Де Геа беше во одело и мечот го следеше од трибиние на „олд Трафорд“. Тренерот Луи ван Гал вели дека шпанскиот голман не се нашол во тимот, бидејќи психички не бил подготвен.

„Ја набљудувавме ситуацијата на Де Геа во текот на подготовките и забележавме дека тоа како да не е истиот играч. Психички не е подготвен за настап. Се надевам дека ситуацијата ќе биде многу подобра во скоро време. Ние сакаме да го задржиме Де Геа во тимот, бидејќи во последните две години покажа дека е многу значаен за тимот. Ме радува што и Серхио Ромеро одлично се снајде на теренот. Имаше две одлични интервенции против Тотенхем и секако дека има голема заслуга што победивме со 1:0“, рече Ван Гал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...