Сити му оддржа лекција на шампионот, Мурињо повторно „плачеше“

Манчестер Сити го „растури“ Челзи, во дуелот кој требаше да биде дерби во англиската Премиер-лига. „Граѓаните“ им приредија вистинско шоу на своите навивачи, откако убедливо, со 3:0, го победија актуелниот првак. Со овој триумф Сити изби на чело на табелата, додека Челзи падна при дното на табелата бидејќи по почетните два меча освои само еден бод.

ПОЧЕТОКОТ ВО ЗНАКОТ НА АГУЕРО И БЕГОВИЌ

Не само според резултатот туку и според играта и шансите, Сити заслужено ги освои трите бода. По само 20-тина секунди од стартот, Агуеро имаше шанса. Аргентинскиот напаѓач потоа уште трипати се најде во позиција, но голманот на Челзи, Асмир Беговиќ ги бранеше неговите удари. Беговиќ беше на голот како замена за суспендираниот Тибо Куртоа, кој во претходното коло доби црвен картон.

Босанскиот репрезентативен голман, конечно, по пола час игра мораше да капитулира пред Агуеро, кој биеше прецизно по земја за радост на фановите на „Итихад“. Манчестер ја начна мрежата на противникот кој беше ориентиран на дефанзивна игра.

УШТЕ ДВА ГОЛА ВО ФИНИШОТ

Челзи губеше, но беше во игра сè до самиот финиш на дуелот. Тогаш капитенот Компани одлично реагираше со глава и погоди по корнерот што го изведе Давид Силва. Конечниот удар го зададе Фернандињо, кој погоди на пет минути пред крајот. Челзи делуваше немоќно и за 90 минути упати само три удари во рамките на голот на Џо Харт. Азар , Коста, Фабрегас и останатите немаа идеја како да постигнат барем почесен погодок.

ТЕРИ ПРВПАТ ПО 177 МЕЧА ГО СМЕНИЈА

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, засега не може да го најде победничкиот рецепт со кој лани убедливо стигна до титулата. Мурињо почна само со еден класичен напаѓач и засилен среден ред, но не беше доволно да се спротивстави на Сити. За само 180 минути игра тимот прими дури пет гола. Во обидот да смени нешто, португалскиот стратег реши на полувремето од игра да го извади капитенот Џон Тери. Легендата на клубот остана на клупата, но играта на гостите не се промени. Ова беше првпат по 177 меча Тери да биде заменет поради тактичка причина на тренерот.

НАЈСЛАБ СТАРТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ

Почетокот на сезоната најчесто бил позитивен за Челзи и тимот уште тогаш покажувал дека има моќ за највисок пласман. Сега за првпат по 10 години, тимот од „Стемфорд Бриџ“ по воведните две кола има само еден освоен бод и е во долниот дел од табелата. Ако се гледа традицијата, Челзи за првпат по 2006 година почувствува како е да се загуби во првенството во август.

Освен таа традиција, Челзи по пауза од 27 натпревари загуби во средба која се игра во неделен термин. Од 2013 година „сините“ не беа поразени, а и тогаш кобни за нив беа ривалите од Сити.

Конечниот резултат, овие 3-0, тоа е лажен резултат

- Конечниот резултат, овие 3-0, тоа е лажен резултат. Според случувањата на теренот, никој не може да ми каже дека заслуживме да загубиме со 3-0. Тие водеа со 1-0 по првото полувреме, во кое беа подобри, но затоа ние бевме многу подобри во вторите 45 минути. Лесно можеше да биде и поинаку, да израмневме на 1-1, а потоа по две наши грешки во одбраната Манчестер постигна уште два гола. Апсолутно незаслужен резултат, тврдеше Мурињо на прес-конференцијата по натпреварот.

Челзи не победил три и пол месеци

Дека лошиот старт на Челзи не е случајност покажуваат и резултатите на томот кој ги оствари во подготвителниот период. Тимот на Мурињо последен пат на победа по 90 минути игра се радуваше на 2 јуни кога минимално, со 1:0, го победи тимот на Сиднеј на турнејата во Австралија. Од тој меч па до сега, англискиот првак одигра вкупно седум натпревари, а не победи ниту еднаш.

Загуби со 4:2 од Њујорк Ред Булс, потоа одигра нерешено со ПСЖ (1:1) и Барселона (2:2), а во Суперкупот на Англија беше поразен од Арсенал минимално, со 1:0. Во првенството пред своите навивачи одигра 2:2 со Свонси, а сега загуби и од Манчестер сити, со што се комплетираа точно три и пол месеци од нивната последна радост.

Ја нема докторката Ева и веднаш е потребна помош

По неколку години работа како прв доктор на тимот на Челзи, за првпат на клупата кај гостите ја немаше докторката Ева Карнеиро. Мурињо минатата недела лично ја обвини Карнеиро дека не внимавала во една ситуација и затоа ја избрка од клупата.

Новиот докторски тим на Челзи имаше многу работа, а и не можеше сам да се снајде на теренот кога помош побараа Диего Коста и Кејхил во исто време. Затоа на теренот мораше да втрча и докторот на Манчестер Сити и да помогне на еден од играчите на Челзи.

Арсенал го доби второто градско дерби

Откако во премиерниот меч беа непријатно изненадени и загуби пред своите навивачи со 2:0 од Вест Хем, екипата на Арсенал овој пат со 2:1 се радуваше на гости кај Кристал Палас, во вториот дуел против градски ривал. „Топчиите“ од самиот старт покажаа дека се дојдени да ги освојат трите бода, а тоа им се исплатеше со погодок на Жиру уште во раниот дел од мечот.

Кристал Палас кој во првото коло победи со 3:1 на гости, израмни против Арсенал во 28. минута со голот на Вард. Сепак, гостите повторно дојдоа до предност благодарение на автоголот на Деланеј во 55. минута, што на крајот се покажа и како клучен за трите бода да заминат кај Арсенал. РЕЗУЛТАТИ

АСТОН ВИЛА - МАНЧЕСТЕР Ј. 0:1 Јанузај 29’ САУТЕМПТОН - ЕВЕРТОН 0:3 Лукаку 22’, 45’, Баркли 84’ САНДЕРЛЕНД - НОРИЧ 1:3 Вотмор 88’ - Мартин 26’, Витакер 38’, Редмонд 57’
СВОНСИ - ЊУКАСЛ 2:0 Гомис 21’, Ајев 52’
ТОТЕНХЕМ - СТОУК 2:2 Дајер 19’, Чадли 45+2’ - Арнаутовиќ 78’, Диуф 83’
ВАТФОРД - ВБА 0:0
ВЕСТ ХЕМ - ЛЕСТЕР 1:2 Пајет 55’ - Оказаки 27’, Махрез 38’
КРИСТАЛ П. - АРСЕНАЛ 1:2 Вард 28’ - Жиру 16’, Деланеј 55’ аг.
МАНЧЕСТЕР С. - ЧЕЛЗИ 3:0 Агуеро 31’, Компани 79’, Фернандињо 85’
(ПОНЕДЕЛНИК, 17.08.2015) ЛИВЕРПУЛ - БУРНМАУТ 21 ч.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...