Прво шок па спектакл: Депај блескаше, Олд Трафорд го заборава Роналдо?

Манчестер Јунајтед по пауза од една години повторно се врати во Лигата на Шампионите.

Англискиот најтрофеен клуб овојпат своето учество мораше да го започне од последната рунда квалификации пред да влезе во групната фаза на најпопуларното клупско натпреварување во светот.



Сепак, Луи ван Гал и неговите „црвени ѓаволи“ се најдоа во сосема непријатна ситуација на почетокот на средбата против Бриж, кога Мајкл Карик си постигна автогол. Потоа, веќе се беше во знакот на новото засилување Мемфис Депај.



Холанѓанецот направи пресврт со два атрактивни погодоци и ја најави победата на домаќините која на крајот е изразена со резултат 3:1. Депај постигна два гола и при крајот на натпреварот впиша и асистенција откако го пронајде високиот Фелаини кој постигна гол со глава за конечен резултат, 3-1.



По натпреварот, холандскиот менаџер не го криеше воодушевувањето од својот млад сонародник.

- Сакам да го бакнам вечерва бидејќи со два гола и една асистенција тој е вистински херој. Се надевам дека ќе продолжи во ваков стил, - изјавил Ван Гал по мечот.

Интересно, но Депај е разочаран што не го завршил натпреварот со хет-трик.

- Среќен сум за головите и победата, но и малку разочаран што не стигнав до хет-трик. Убаво е чувството откако ги постигнав првите два гола во дресот на Јунајтед, - рече Депај.

Кога сме кај квалификациите за ЛШ, домашните екипи победија на петте натпревари одиграни синоќа во плејофот за учество во фазата по групи.

Партизан од финишот на првиот дел играше без исклучениот Јевтовиќ, а одбраната издржа до 75. минута кога Гордејчук го постигна единствениот гол за важна победа од 1:0 на Белорусите. Со истиот резултат, Лацио го победи Баер Леверкузен, а стрелец беше Кеита, исто како што Астана нешто претходно славеше против АПОЕЛ со идентични 1:0.

Малку поефикасно беше во Лисабон, каде Спортинг ја победи ЦСКА Москва со 2:1 со головите на Гутиерез и Слимани.

Реваншите се играат за една недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...