Бензема ќе го облече дресот на Арсенал

Арсенал се очекува да добие големо засилување пред крајот на преодниот рок откако сè поверојатно е дека ќе го доведе Карим Бензема од Реал Мадрид. Според најавите, „топчиите“ се подготвени да платат 48 милиони фунти за трансфер на францускиот репрезентативец. Сега се чека Реал да ја прифати понудата и да даде „зелено светло“ и напаѓачот да се пресели во лондонскиот тим.

„Имам информации од еден мој пријател дека Реал ќе ја прифати понудата од 48 милиони фунти за трансфер на Бензема. Мојот човек секогаш бил во право кога се работи за трансферите на Реал, па затоа верувам дека и ова ќе се реализира“, рече поранешниот англиски репрезентативец Родни Марш, кој е клупска легенда на тимот на Квинс Парк Ренџерс.



ЗА „КРАЛЕВИТЕ“ ДАДЕ НАД 100 ГОЛА

Арсенал веќе подолго време се надева дека ќе го доведе голгетерот кој во последните шест сезони игра за десеткратниот европски првак. Бензема за Реал има одиграно вкупно 281 меч, а досега постигнал 133 погодоци. Минатата сезона во 46 средби даде 22 погодоци. Тренерот на Реал, Рафаел Бенитез најави дека би сакал да го задржи Бензема, но челниците на клубот може да решат да ја прифатат богатата понуда од Арсенал.

„Топчиите“ имаат само еден класичен напаѓач во името на Жиру. Тоа значи дека ако дојде Бензема, Арсен Венгер ќе има француско дуо во офанзивниот дел. Бензема во кариерата има играно пет сезони во дресот на Олимпик Лион. Тој е дел од репрезентацијата на Франција и досега во 76 средби дал 25 погодоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...