„Топчиите“ да ја пробијат одбраната на Ливерпул

Минатата сезона Ливерпул ги загуби сите надежи дека може да се најде меѓу најдобрите четири екипи на табелата, откако загуби со 4:1 на гостувањето кај Арсенал. „Топчиите“ тогаш за половина час дадоа три погодоци и ги закопаа надежите на противникот дека може да игра во Лигата на шампионите. Сега овие ривали се среќаваат во почетната фаза од сезоната и мечот нема да биде решавачки, но Арсенал треба да игра за својата гордост. Доколку лондончани загубат тоа ќе биде нивниот најлош старт на домашен терен во првенството, во последните 66 години. Во првиот меч на „Емирати“, Арсенал со 2:0 беше поразен од Вест Хем, но за среќа потоа победи на гости кај Кристал Палас.



ВЕНГЕР ВЕРУВА ВО СВОИТЕ МОМЦИ

Тренерот Арсен Венгер потенцира дека неговиот тим мора да победува на мечевите кои ги игра пред своите навивачи.„Ако сакаме да имаме добра сезона, мора да бидеме силни дома. Вообичаено победуваме пред нашите навивачи, а сега против Ливерпул имаме добра можност да го покажеме нашиот квалитет. Знаеме дека е почеток на сезоната, но ова е многу важен меч. Затоа мора да го добиеме“, рече францускиот стратег Венгер, кој нема да може да смета на повредените Џек Вилшер, Дани Велбек и Томас Росицки.

„ЦРВЕНИТЕ“ ПОЛНИ СО САМОДОВЕРБА

Ливерпул повеќе од две и пол децении чека на титула во првенството. Тимот од „Енфилд Роуд“ многу самоуверено стартуваше сезонава и победи во двата меча, со по 1:0. Со тоа тимот покажа дека игра цврсто во одбраната, но има проблеми со реализацијата. Тренерот Брендон Роџерс смета дека ова е првиот вистински тест за можностите на неговиот тим сезонава.



„Без разлика во кој дел од сезоната се играат овие дерби мечеви, тие секогаш се многу важни. Секако дека е многу потешко кога се игра на гости, но ние сме полни со самодоверба. Знаеме дека Арсенал има квалитетен тим и ги почитуваме, но не се плашиме и одиме да оствариме добар резултат“, рече Роџерс.

НЕ ИМ ОДИ ПРОТИВ ДИРЕКТНИТЕ РИВАЛИ

Поразителен е фактот дека Ливерпул едноставно не може да се носи токму во дуелите со директните ривали. Минатата сезона на мечевите против Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал и Челзи, екипата на Роџерс освои само пет од можните 28 бодови. „Мора да го подобриме билансот против директните ривали, бидејќи на крајот тие натпревари може да имаат клучна улога околу изгледот на табелата“, додаде Роџерс.



Ова е второ големо дерби во Англија меѓу екипите кои ќе се борат за највисок пласман. Минатото коло Манчестер Сити убедливо со 3:0 го победи шампионот Челзи. Тоа значи дека по три меча, единствено Манчестер Јунајтед нема директен дуел со еден од големите ривали.

ЕДНА ПОБЕДА ЗА 15 ГОДИНИ ВО ЛОНДОН

Двете екипи играат со иста формација, во која има еден класичен корпулентен напаѓач.

Ливерпул нема победа на гости кај Арсенал од 2011 година, а тоа е и нивни единствен триумф на гостувањата кај „топчиите“, во последните 15 години. Сега гостите веруваат дека ќе ја прекинат оваа лоша традиција, но секако дека и Арсенал нема да сака да дозволи втор натпревар во низа сезонава да ги разочара своите навивачи.

Во вкупниот биланс Ливерпул е поуспешен и има 70 победи, додека Арсенал се радувал 64 пати. Без победник завршиле 48 средби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...