Лавеци пред потпис со Интер

Играчот на ПСЖ, Езекил Лавеци во потрага по многу позначајна улога на теренот за својот тим би можел да пристигне во редовите на Интер каде што ќе добие шанса за да игра далеку повеќе. Со оглед на тоа што тимот од Париз го донесе Анхел ди Марија сосема извесно е дека ќе нема многу простор за настап на Лавеци, па до крајот на оваа недела се очекува да потпише за Интер.

„Веќе разговаравме со Интер. Спортскиот директор на овој тим, Пјеро Аусилио е мој стар пријател. Постои расположение за соработка, но сега сите работи се оставени на раководствата на двете екипи бидејќи ПСЖ сака да добие пари за Лавеци. Покрај тоа поставено е и прашање за платата на Езекил. Мислам дека е време тој да се врати во Италија, но ќе видиме што ќе се случи. Во моментов сите опции се отворени и сè може да се случи“, вели агентот на Лавеци, Алехандро Мејсон.



Пред да се пресели во ПСЖ, Лавеци настапуваше за Наполи и тоа во периодот од 2007 до 2012 година. За тоа време одигра 156 средби и постигна 38 гола.

И ЛАМЕЛА НА СПИСОКОТ

Покрај Лавеци на списокот на желби на Интер е уште еден Аргентинец. Се работи за Ерик Ламела кој настапува за Тотенхем. Целта е тој да биде донесен како позајмен фудбалер.

Останува да се види одговорот на Маурицио Покетино. Доколку тој одлучи да го зачува Ламела во тимот и за новата сезона тогаш планот на Интер нема да биде остварен.

Исто како Лавеци и Ламела има искуство од настап во Серија „А“. Тој играше за Рома пред да замине во Тотенхем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...