Се одигра четвртото коло од Првата фудбалска лига

Вчера попладнето се одигра четвртата рунда натпревари од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига којшто донесе победи на домаќините на три од четирите натпревари. Фаворитите Вардар, Силекс и Шкендија остварија нови победи, а Турново извлече бод на гостувањето кај Шкупи со гол од пенал во 90. Минута.



Најубедлива беше Шкендија којашто триумфираше со 5:1 против Брегалница, Вардар победи минимално против Металург со 1:0, голот од пенал го постигна Дејан Блажевски во 19. минута.

Со гол од пенал победи и Силекс којшто славеше против Ренова со 1:0. Стрелец на единствениот погодок од белата точка беше Игор Недељковиќ.

Вардар и Силекс ја продолжија трката на врвот со по 10 бодови, а веднаш зад нив е Шкендија со 9 бодови по четири одиграни кола натпревари.

РЕЗУЛТАТИ – ПРВА ЛИГА, 4. КОЛО

ВАРДАР – MЕТАЛУРГ 1:0

ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 5:1

СИЛЕКС – РЕНОВА 1:0

ШКУПИ – ХОРИЗОНТ Турново 1:1

МЛАДОСТ ЦД – РАБОТНИЧКИ – Одложена

ТАБЕЛА: Вардар 10 бода, Силекс 10, Шкендија 9, Шкупи 6, Хоризонт Т. 5, Работнички(-2) 3, Брегалница 3, Младост ЦД(-1) 3, Металург 1, Ренова(-1) без бодови. јд/18:51



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...