Радост за Јуве среде Манчестер, стравична повреда на Лук Шо!

Шампионот на Италија и лански финалист во ЛШ, Јувентус ја почна новата сезона со голема победа на гостувањето во Англија каде што се избори за триумф против составот на Манчестер Сити. Јувентус имаше посилен финиш, па на крај се радуваше на три бода.

Манчестер Сити се обиде да дојде до предност уште во првото полувреме, но не успеа, а Буфон беше еден од позаслужните. Сепак, она што недостигаше во првите 45 минути го имаше во продолжението од средбата кога Јувентус дојде до заслужен триумф.



Првиот погодок со кој Сити поведе беше дело на Киелини, но при автоголот имаше прекршок над него од страна на Компани. Судијата од Словенија, Дамир Скомина не реагираше така што домашните добија подарок водство.



Ова беше надоместено во продолжението кога напаѓачите на Јуве, Манџукиќ и Мората донесоа голем триумф за успешен старт на сезоната. Со оглед на тоа што и Севиља стартуваше силно, останува за Манчестер Сити да ги поправи работите доколку сака осминафинале во ЛШ.

ДИ МАРИЈА ЈА ОТВОРИ СЕЗОНАТА

Засилувањето на ПСЖ, Анхел ди Марија ја отвори голгетерската сезона во Лигата на шампионите. Синоќа тој беше стрелец на првиот погодок откако реализираше во 4. минута од средбата. Тој донесе водство за тимот на ПСЖ против Малме, а потоа следуваа уште неколку погодоци во првото полувреме.

Првиот жолт картон, пак, беше за Аничиќ од Астана.

ТЕШКА ПОВРЕДА НА ШО

Фудбалерот од одбраната на Манчестер Јунајтед, Лук Шо заработи тешка повреда на средбата против ПСВ и беше заменет после само 15 минути игра.



Тој доби скршеница на десната потколеница, па веднаш беше однесен во болница.
И покрај тоа што имаше старт над него во шеснаесетникот после кој беше јасно дека е сериозно немаше никаква санкција за играчот на ПСВ, а немаше ниту пенал.



ЈУНАЈТЕД ПАК БЕЗ ПОБЕДА

Составот на Манчестер Јунајтед продолжи со малерот на дуелите против ПСВ Ајндховен. И на вчерашната средба тимот од Англија не успеа да се избори за резултат со кој ќе може да ја надмине кризата бидејќи одново не успеа да дојде до победа така што остана црната серија на резултати. ПСВ продолжи со добрите игри и со резултати кои му даваат позитивен биланс против „ѓаволите“ на домашен терен.

ДВА ПЕНАЛИ ЗА ТРИ МИНУТИ

На средбата во Севиља домашните имаа моменти на стартот од второто полувреме во кои можеа лесно да дојдат до голема предност. Домашните добија два пенали, а Гамеиро ги изведе во 47. и 49. минута. Шутираше речиси на идентичен начин, но успешен беше само при првиот. Вториот пенал заврши во пречката.

Во 66. минута дојде и трет пенал на мечот и повторно за Севиља. Сега биеше Банега кој беше прецицен.

ХЕТ-ТРИК ЗА РЕКОРД НА РОНАЛДО

Екипата на Реал Мадрид доби подарок од судијата од Хрватска на дуелот против Шахтјор. Тој досуди пенал во корист на „кралевите“ после шут на Роналдо. Топката заврши во грбот на Срна, но судијата покажа на 11 метри, по што Роналдо реализираше за 2:0. Само осум минути подоцна доби нова можност од пенал, но овој пат судијата донесе правилна одлука.



Во 81. минута од мечот Роналдо постигна и трет гол, па со хет-трик заокружи на вкупно 80 гола во ЛШ со што му постави задача на Меси со три погодоци предност на вечната листа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...