Бунт во Челзи против Мурињо

Англискиот првак Челзи игра очајно во првите два месеци од новата сезона. Тимот предводен од тренерот Жозе Мурињо, по првите седум кола има само осум бода, што е двојно помалку од лидерот Манчестер Јунајтед. Освен слабиот старт на домашната сцена, Челзи загуби на еден од двата меча во Лигата на шампионите. Тимот со 2:1 беше поразен на гостувањето кај Порто. Токму тој пораз беше причина да се крене незадоволство кај дел од играчите.



СÈ ПОГОЛЕМ Е БРОЈОТ НА НЕЗАДОВОЛНИТЕ

Мурињо најави дека веќе не знае кои се негови најдобри играчи и е во двоумење со кои да истрча во стартниот состав. За гостувањето кај Порто од патувањето ги изостави Лоик Реми, Оскар и Радамел Фалкао. Тројцата беа незадоволни од оваа одлука и се дел од групата на играчи кои полека му го вртат грбот на стратегот. Против Порто во стартниот тим ги немаше ниту Еден Азар и Немања Матиќ, кои влегоа во вториот дел, но лондончани сепак загубија.

Сепак сите овие кои покажаа незадовоство, сезонава во одреден дел имаа можност да ги покажат своите квалитети и беа меѓу стартерите, но нема резултат на теренот.

НАВИВАЧИТЕ ГО САКААТ КАПИТЕНОТ ТЕРИ ВО ТИМОТ



Навивалите во минатото постојано му даваа поддршка на португалскиот стратег, но сега првпат се против неговите одлуки. Фановите најмногу се бунат бидејќи во составот никаде го нема легендарниот капитен Џон Тери. Дефанзивецот целата своја кариера ја помина на „Стемфорд Бриџ“ и за 17 сезони, вкупно 672 пати беше на теренот, а даде и 62 погодоци. Сепак Мурињо смета дека времето на Тери е поминато и дека тој со своите 34 години треба да седи на клупата. Но, навивачите мислат нешто сосема поинаку, па затоа се почесто скандираат „Сакаме да се врати нашиот капитен“, додека Тери седи на клупата, а Мурињо тера инает и не го пушта на теренот.

ОДБРАНАТА ИМ Е КАКО ШВАЈЦАРСКО СИРЕЊЕ

Дека одбраната на тимот без Тери е сосема поинаква, покажуваат и резултатите сезонава. Челзи по 7 меча во Премиер-лигата досега прими дури 14 погодоци и ја има најлошата одбрана во лигата, што е незамисливо за клуб кој до пред неколку месеци важеше дека има „челична одбрана“. Тери на теренот делуваше како командант, а сега дефанзивниот ред е како обезглавен.

Сега се верува дека токму Тери може да биде предводникот на бунтот на играчите, против тактиката на Мурињо.

ПОРТУГАЛЕЦОТ ЌЕ ИГРА И СО МЛАДИНЦИ АКО Е ТОА ПОТРЕБНО

Мурињо сезонава постојано наоѓа виновник за поразите. Освен играчите кои ги остава на клупата, вината за еден од поразите го најде кај докторката Ева Карнеиро. Тој ја набеди докторката дека втрчала на терен кога немало потреба за тоа и ја избрка од тимот. Подоцна беше наредено таа да се врати на клупата, но Ева си замина и најави тужба против клубот.

Португалскиот стратег вели дека ако неговиот тим ја загуби битката за титулата во Англија, планира да игра со младински фудбалери до крајот на сезоната.

Ова што сега се случува се најавува само како почеток на „битката во соблекувалната на Челзи“, која во следниот период треба да има расплет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...