Жозе Мурињо не ги криеше емоциите

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, „удри“ по судиите по новиот пораз на неговата екипа кој беше четврти во сезоната во Премиер-лигата по осум кола. „Сините“ загубија од Саутемптон со 3:1 на „Стемфорд Бриџ“ и го имаат најлошиот старт во елитната лига по сезоната 1978/79.



„Ако од ФА сакаат да ме казнат, нека го направат тоа. Тие и така само мене ме казнуваат. Сакам да бидам искрен и да го кажам ова јасно: судиите се плашат да носат решенија во корист на Челзи. При 1:1 беше направен прекршок за пенал во наша корист и повторно не добивме удар од 11 метри. Еден пенал е клучен момент во фудбалот. А зошто е тоа така? Затоа што кога ќе досудат нешто во наша корист тогаш се напаѓани од вас - новинарите. Секогаш има прашања, секогаш има критики. Затоа ние секогаш сме казнувани. Диего Коста е казнет на основа на фотографии, а на други натпревари гледаме исти работи и никој не е казнет. Недосудениот пенал беше клучен на мечот против Саутемптон. Поради тоа фудбалерите ја загубија самодовербата, паднаа психички и поради тоа правеа индивидуални грешки кои го чинеа тимот пораз“, коментира Мурињо без да ги крие емоциите.

НЕ ПОДНЕСУВАМ ОСТАВКА, ЈАС СУМ НАЈДОБРИОТ

Мурињо рече дека не бега од одговорноста и продолжува да го води Челзи сè додека во клубот не решат поинаку.

„Ако во клубот решат да ме отпуштат тогаш е в ред. Но, јас лично не поднесувам оставка. Не бегам од одговорноста. Во моментов разликата во однос на врвот е голема, но јас сум уверен дека ќе завршиме во топ 4. Ако завршиме таму тогаш сезоната и нема да биде толку лоша.

И на крајот, што е важно за историјата на клубот: ако реши да ме избрка клубот ќе го загуби најдобриот менаџер што некогаш го имал. Освен тоа со таквиот потег само ќе ја повтори пораката: лоши резултати и менаџерот е виновен. Тоа е сосема погрешно. Важно е секој да си ја преземе одговорноста при неуспесите, а не таа да се префрла од еден на друг“, вели Мурињо.

РАМКА

Емери со прва победа над Барселона

Шпанскиот првак Барселона загуби со 2:1 на гостувањето кај Севиља. Каталонскиот гигант без двајцата најважни играчи Лионел Меси и Андрес Иниеста (поради повреди) не успеаја да ја урнат Севиља иако трипати ја погодуваа рамката од голот. Барса го запиша вториот пораз сезонава, а Севиља втората победа. Тренерот на Севиља Унаи Емери, конечно, се израдува на победа против Барселона. Досегашниот скор против каталонскиот клуб му беше 14 порази и 6 ремија.

Адвокат го напушти Сандерленд

Сандерленд ќе го бара четвртиот тренер во последните две години. Тренерот Дик Адвокат го напушти клубот откако не успеа да забележи ниту една победа во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата. Како посериозни кандидати за негови наследници се Шон Дајс од Борнмаут и екс-тренерот на Лестер Најџел Пирсон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...