Одложената средба на „романтичарите“ против Младост Царев Двор од четвртото коло, која првично беше презакажана за в четврток 15 октомври се преместува за еден ден подоцна и ќе се игра в петок на 16 октомври. Тоа поместување на тој дуел предизвикува и поместување на дуелот од десеттото коло во кој Работнички ја пречекува Брегалница и кој од недела 18 октомври е презакажан за еден ден подоцна, односно понеделник 19 октомври.
Ова најново поместување на дуелот меѓу Работничкио и Малдост доаѓа поради тоа што младата репрезентација, во која „романтичарите“ имаат неколку членови, на 13 октомври (вторник) игра квалификациски натпревар на гости против Северна Ирска.