Македонија со лоши квалификациски финиши

Македонија е пред последните два квалификациски натпревари по кои за нас следува (нов) период на анализи каде грешевме и каде не освоивме бодови а можевме. Иста приказна секои квалификации... Тргнуваме со големи амбиции, а на крајот ги завршуваме квалификациите и пред време, пред тие и официјално да бидат доведени кон крајот. Така е и сега, кога речиси кон средината на кампањата за нас шансите беа сведени на невозможно, а потоа поразителната серија која и натаму трае.

Сега сме на последното место, а ни требаат бодови за да избегаме од „фенерот“. Но, историјата и традицијата не ни се наклонети. Таа вели дека имаме поразителни финиши од квалификациите со само една победа, но од сево ова е добро што се ова квалификации за ЕП, а низ нив имаме нешто подобар резултат од оние за СП. Дури и победата ни е во квалификации за ЕП и тоа кога сè веќе беше готово во групата, онаа со Хрватска на „калта“ во Скопје.

Со лоша традиција и историја ќе треба да бегаме од последното место. Последните натпревари за Македонија се само формалност, со оглед дека шансите за првите три места кои носат кон она за кое сите се натпреваруваат се загубени. Меѓутоа, Македонија има посебна мотивација, а тоа е да бега од последното место, и затоа се потребни бодови. Ама како со ваква лоша серија и со ваква лоша традиција? Како? Ни доаѓа Украина во Скопје, и играме со Белорусија на гости. Која е нашата шанса? Украина се бори за втората позиција и директен пласман на ЕП, Белорусија за ништо, ама нашите резултати на гостувањата се крајно катастрофални.

И покрај лошите финиши во квалификациите, единствено добро е тоа што Македонија во квалификациите за ЕП до сега нема ниту еднаш два врзани порази, за разлика од квалификациите за СП. Со оглед дека ова се квалификации за ЕП, тогаш можеме да очекуваме бод(ови) од овие два меча со Украина во Скопје и со Белорусија во Борисов. Впрочем, и единствената победа од тие 20 натпревари ја имаме токму во европски квалификации и тоа во оние за пласман на ЕВРО 2008 кога во Скопје ја совладавме Хрватска. Сега и еден бод не ни врши работа туку минимум три од овие два меча за да избегаме од последната позиција на табелата. Од друга страна, пак, во квалификациите немаме ниту еднаш врзани две победи во финишот. 

Токму триумфот над Хрватска е наша прва победа во последните два квалификациски натпревари, и засега единствена. Таа победа на која ние ќе се сеќаваме долго, а за нив не значеше ништо поразот со оглед дека веќе беа пласирани на Европското првенство во Австрија и во Швајцарија и тоа пред Англија. Илчо Наумоски и Горан Мазнов стрелаа за победа од 2:0 во меч кој се одигра на лош и каллив терен на нашиот најголем стадион. Од тогаш па наваму шест порази и само едно „реми“ е врзано за нашиот национален тим во финишите на квалификациските кампањи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...