Пачовски заминува во легендите



Томе Пачовски денеска го има последниот „бој“ во националниот тим. По оваа средба со Украина, Пачовски повеќе ќе го нема меѓу диреците со оглед дека се одлучи да стави крај на репрезентативната кариера. Тоа е голема загуба за националниот тим, но на младите им доаѓа времето, и тие се на ред да го чуваат голот на Македонија. А, Пачовски даде многу за оваа репрезентација, за нашиот фудбал. Одигра 47 натпревари во сите категории во дресот на селекцијата, меѓу нив и пријателските и квалификациските. Добри, но и лоши мигови за голманот на националниот тим кој во последниот квалификациски циклус се стекна и со улогата на капитен на репрезентацијата.

ДЕБИ СО ПОБЕДА

Цели 13 години е дел од репрезентацијата, а дебитираше пред девет години на дуелот со Турција во кој Македонија оствари победа. Победа за почеток, победа и за крај на репрезентативната кариера на Томе Пачовски, на моментално најдобриот голман во селекцијата и еден од најдобрите воопшто во Македонија.

„Првпат во репрезентацијата бев повикан на 17 години, а првпат на клупа бев во 2003 година кога игравме со Португалија. Тогаш Фиго ни даде гол и нè победија со 1:0. Првпат бранев во 2006 година против Турција. Победивме со 1:0 на пријателскиот меч одигран во Германија во Кресел. Моето деби ќе ми остане во вечно сеќавање“, рече Пачовски.

ВЕЧЕРВА Е ПОСЕБЕН НАТПРЕВАР ЗА МЕНЕ

Професионалец до крај. Пачовски сака победа и на последниот меч во репрезентацијата.

„Мечот со Украина ќе биде посебен за мене, веројатно најемотивниот во кариерата. Ќе се простам од националниот дрес кој го носев со гордост и со чест. Репрезентацијата ја чувствувам како семејство. Секако дека сакам победа и на последниот натпревар во мојата репрезентативна кариера. Репрезентацијата ми даде многу во мојата кариера и никогаш нема да ги заборавам убавите мигови поминати тука“, ни изјави Пачовски.

БЕЛГИЈА, ОДБРАНЕТИТЕ ПЕНАЛИ...

Во репрезентативната кариера на Пачовски имало и добри и лоши мигови. Има мечеви што имаат посебен дел од срцето.

„Секој натпревар има посебен дел од моето срце. Меѓутоа, има и такви на кои вечно ќе се сеќавам. Како на пример моето деби, потоа мечот со Белгија во Брисел на минатите квалификации. Исто така ќе се сеќавам и на одбранетите пенали против Канада. Имало и ќе има секогаш добри и лоши мигови, но секогаш сакам да ги запаметам само добрите“, потенцираше Пачовски.

ТУКА СУМ СЕКОГАШ ЗА НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ

Иако заминува од репрезентацијата и се посветува на клупската кариера, Пачовски секогаш ќе биде „отворен“ за националниот тим, да помогне ако треба со некој совет, критика...

„Иако се простувам од репрезентацијата, секогаш сум отворен за соработка. Ако во иднина сметаат дека им требам, секогаш сум тука. На репрезентацијата ѝ дадов многу, но уште повеќе таа мене и затоа сметам дека сум ѝ должен. Затоа сум секогаш отворен ако требам. Тука сум за Македонија. Потекнувам од патриотско семејство на кое Македонија е сè во животот, и затоа со посебна чест и гордост бев дел од националниот тим. Благодарност до федерацијата за укажаната доверба сите овие години“, рече голманот на македонската фудбалска репрезентација.

БЕЗ ЕДНА ДАМКА ВО КАРИЕРАТА

Она што е најважно, а што е многу тешко остварливо за еден фудбалер е тоа што Пачовски нема ниту една караница, ниту една дамка во кариерата, барем во онаа репрезентативна.

„Во националниот тим стекнав многу пријатели. Со сите нив сум близок, ги чувствувам како свои. Никогаш со никого не сум имал караница ниту несогласување. Секогаш сум бил подготвен да истрпам и критика, и да добијам пофалби. Секогаш сум и ќе бидам пријател со сите. Репрезентацијата ја чувствував како големо семејство во кое сите треба да дишат еден за друг. Да има љубов, разбирање и доверба. Од моја страна секогаш го имаше“, заврши голманот и капитен на нашиот национален тим.

ИМА ГОЛМАНИ КОИ ЌЕ МЕ ЗАМЕНАТ

Голманот во заминување смета дека Македонија има талентирани чувари на мрежата кои може да го заменат во репрезентацијата, и не се грижи за иднината на голманската позиција.

„Има многу млади и талентирани голмани кои заслужуваат шанса и кои достојно ќе ме заменат. Не треба да стравуваме и да се плашиме за таа позиција. Тука е Димитриевски, Гачевски, Божиновски, еве сега и Митов. Кој и да ја добие довербата, сигурно дека ќе ја оправда затоа што имаме многу талентирани голмани кои треба во иднина да ја однесат селекцијата на едно големо натпреварување. Јас од срце посакувам тоа да се случи. Ќе ми биде многу драго Македонија да ја видам на едно Светско или Европско првенство“, потенцира репрезентативниот голман кој со 48 настапи ќе се збогува од националниот тим на нашата земја.

Со Украина, Пачовски ќе го игра последниот „танц“ во репрезентацијата. Од „Македонски спорт“ му упатуваме благодарност за сè што стори во дресот на националниот тим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...