Србија ја „олади“ Албанија

Со головите на Александар Коларов и Адем Љаиќ, Србија славеше на гостувањето кај Албанија со 0:2 во рамките на седмото коло од групата „И“ за квалификациите за Европското првенство идната година во Франција



Иако се чинеше дека средбата во Елбасан ќе заврши без погодоци, сепак Србите не мислеа така. Во судиското продолжение постигнаа два погодоци и ја замолкнаа арената во Елбасан. Самиот натпревар мина во една коректна атмосфера, без речиси никакви инциденти. Во првиот дел, Србите постигнаа гол преку Адем Љаиќ, но, тој беше поништен поради фаул врз голманот. Во вториот дел, гостите се преорентираа на одбрана, додека домаќинот беше нешто поофанзивен. Но, кога се мислеше дека ќе се мине без голови, Александар Коларов во 91’ минута од лево, откако одбраната на Албанија лошо се постави, шутираше ниско по земја и го совлада домашниот голман, и ја замолкна арената. Неколку моменти подоцна, поточно во 93’ минута Адем Љаиќ во една соло акција со пркарсен лоб го постави конечниот резултат. иако за Србија оваапобеда нема никакво резултатско значење бидејќи имаат само четири поени, Албанија, пак, остана на 11.

Вака, сега ќе мораат да бркаат победа во последното коло против Азербејџан, на гостински терен, доколку сакаат да се пласираат во групната фаза од Еврошампионатот



Во вториот натпревар од оваа група, Португалија славеше на домашен терен против Данска со 1:0.

На останатите натпревари, Германија беше изненадена на гостувањето кај Република Ирска, со 1:0, додека Северна Ирска ја преслуша Грција со 3:1.

ЕВРО 2016

КВАЛИФИКАЦИИ

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА Д

Ирска – Германија 1:0
Шкотска – Полска 2:2
Грузија – Гибралтар 4:0

ГРУПА Ф

Романија – Финска 1:1
Северна Ирска – Грција 3:1
Унгарија – Фарски Острови 2:1

ГРУПА И

Албанија – Србија 0:2
Португалија – Данска 1:0



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...