Македонија ја пречекува Украина во квалификациите за ЕУРО 2016

Фудбалската репрезентација на Македонија вечер на Националната арена „Филип Втори“ ќе го одигра натпреварот од 9.коло од квалификациите за ЕУРО 2016 против Украина. Основна цел на избраниците на селекторот Љубинко Друловиќ е да се постигне позитивен резултат и со тоа да се избегне последната позиција во групата Ц.

На денешниот дуел од дресот на репрезентацијата ќе се прости голманот Томе Пачовски, кој досега има одиграно 47 натпревари во сите национални селекции на Македонија.



Вечерашниот ривал Украина се наоѓа на третата позиција на табелата со шанса да избори директен пласман на Европското првенство. На вчерашниот прес нивниот селектор Михајло Фоменко истакна дека во оваа група нема слаби репрезентации и дека имаат целосен респект кон Македонија.



Покрај дуелот Македонија - Украина од оваа група се играат и натпреварите: Словачка - Белорусија и Шпанија - Луксембург.

Романскиот судија Овидиу Хатеган ќе го суди натпреварот во Скопје. Почетокот на дуелот е во 20:45 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...