Жозе првпат губи седум меча во сезона

Фудбалерите на Челзи му даваат целосна поддршка на својот менаџер Жозе Мурињо, кој е на излезна врата од клубот по седмиот премиерлигашки пораз во сезоната. „Сините“ загубија на гостувањето кај Стоук, тимот од кого испаднаа пред неколку недели во Лига купот и сега имаат само 11 бодови по 12 кола во Премиер-лигата.



Мурињо поради суспензија го следеше мечот од трибините, а неговите момци беа немоќни против Стоук. На крајот резултатот беше 1:0 за Стоук благодарение на актобатскиот погодок на Марко Арнаутовиќ.

„Сакавме поради Жозе да направиме добар резултат, но среќата ни го сврте грбот. Ја погодивме рамката од голот, не погодивме од одлични ситуации и си ги направивме работите претешки“, вели голманот Асмир Беговиќ, кој прашан дали е загрижен што Мурињо може да добие отказ одговори:

„Тоа сега не зависи од нас. Ние сме зад својот менаџер во овие тешки моменти. Мислиме дека тој е вистинскиот човек за клубот и некој кој овде најмногу работи. Секогаш се чувствува неговото присуство на теренот“.



Мурињо првпат како менаџер има седум прволигашки порази во сезоната, а Челзи првпат по сезоната 1978/79 губи толкав број натпревари по 12 одиграни кола (таа сезона испаднале од лигата). Челзи не ја сочувал мрежата на последните осум гостувања во Премиер-лигата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...