Ел Класико е речиси како оргазам

Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос ќе биде подготвен за вечното „Ел Класико“ против Барселона. Дефанзивецот на „кралскиот клуб“ го повреди левото рамо на дуелот против Севиља и предвреме го напушти мечот. Лекарите констатирале дека Рамос мора да мирува, но и дека е потребна операција. Сепак бекот одбил оперативниот зафат да биде направен пред дуелот со Барселона, кој е закажан за 21 ноември на „Сантијаго Бернабе“.



Рамос го повреди рамото при постигнување на погодокот против Севиља, кога реализираше атрактивно со „ножички“. Тогаш падна директно на левото рамо, по што веднаш беше заменет. Без него во составот, Реал делуваше неорганизирано посебно во дефанзивниот ред, па затоа тимот за прв пат сезонава прими дури три гола и на крајот загуби на тешкото гостување во Андалузија.

ОПЕРАЦИЈА КОЈА БАРА ШЕСТ НЕДЕЛИ ПАУЗА

Лекарите го советуваа дека повредата може да се лекува со медикаменти, но и дека најверојатно ќе треба да оди на операција. Доколку чувствува болки во рамото и пред средбата со Барселона, бекот ќе добие инјекција да ја намали болката, за да може да ги одигра сите 90 минути од вечното дерби. Дури потоа ќе оди на операција, која ќе го оддалечи барем шест недели од терените. Многу од играчите на Реал изразија недоверба во лекарскиот тим на клубот.



ПОСЕБНО ЧУВСТВО Е КОГА СЕ ИГРА ДЕРБИТО

Рамос против Барселона ќе ја има улогата на капитен, бидејќи по заминувањето на Икер Касиљас, тој е новиот предводник на теренот. Дефанзивецот вели дека посебно е чувството кога се игра дуелот на двата најтрофејни тима во Шпанија и затоа речиси за ништо не би сакал да го пропушти.

„Лично никогаш не сум доживеал оргазам за време на Ел Класико, но секако дека чувството може да се спореди дека е многу слично. Ме боли рамото, но секако дека ќе играм“, рече Рамос, што секако дава посебен мотив за соиграчите.

Реал моментно е на второто место на табелата во Примера и има три бода токму зад лидерот Барселона. Сепак тоа е разлика која може да се анулира токму во директниот дуел, а Реал да биде прв, бидејќи моментно има многу подобра гол разлика од каталонскиот гигант.



МЕСИ СЕПАК МОЖЕ И ДА ИГРА

Освен Реал, проблеми пред дербито има и Барселона, која повеќе од еден месец е без својот најдобар играч Лионел Меси. Аргентинецот мирува по повредата на коленото, а по последните прегледи беше утврдено дека не би бил подготвен за дуелот на „Сантијаго Бернабе“. Сепак претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу верува дека Меси сепак може да истрча на теренот, за еден од најважните средби на тимот.

„Верувам дека Меси може да биде на теренот во Мадрид. Закрепнувањето оди според планот кој го направивме и се надевам дека со Меси во составот ќе се обидеме да го победиме големиот ривал“, оптимистички најави Бартомеу.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...