Мурињо има договор со Јунајтед

Менаџерот од Челзи, Жозе Мурињо, дал согласност на крајот од договорот на Луис ван Гал во мај во 2017 година да го преземе водењето на Манчестер јунајтед.

Ваквата вест пристига од медиумите специјализирани за фудбал, но нема потврда од ниту една страна така што останува да се види колку има вистина во оваа вест.

Мурињо беше во плановите на Јунајтед пред да се врати во Челзи, но тогаш Абрамович беше побрз и успеа да го врати во клубот во кој работеше и порано.

Во моментов Жозе е во тешка ситуација и сигурно не му е до потврдување или демантирање на информацијата преселба во Манчестер Јунајтед во 2017 година, па затоа сè останува само на вестите кои ги објавуваат медиумите.



МАНЧЕСТЕР ГО КУПУВА АЛЕКСИС САНЧЕЗ

Луис ван Гал планира да му зададе удар на Арсенал со купување на Алексис Санчез, кој сезонава заедно со Озил е еден од најдобрите во таборот на „топчиите“. Холанѓанецот планира да плати 50 милиони фунти за да го убеди и да го донесе во клубот, но останува да се види дали тоа ќе биде доволно за Венгер да реши да го ослободи уште во јануари.

И покрај тоа сосема извесно е дека при ваков трансфер Арсенал ќе загуби многу бидејќи се работи за играч кој е во одлична форма и од кого зависат многу работи во играта.

Од друга страна и Реал Мадрид посакува да го види во своите редови за да може да ѝ зададе удар на Барселона, но тоа е тешка мисија, па затоа доколку Алексис си замине од Арсенал поголема е веројатноста дека ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...