Шпанија го убедувала Меси, но...

Висенте Дел Боске, кој е актуелен селектор на Шпанија и еден од ретките кои можат да се пофалат дека во својата кариера успеал да стигне до титули и на СП и на ЕП, и тоа во период од четири години вели дека постоела можност Меси да го облече дресот на „фуријата“. Тој признава дека имале разговори со Меси пред да почне да игра за сениорската селекција, но дека не се случило ништо.

„Постоеше можност Меси да го облече дресот на Шпанија, но тој одлучи да остане верен на својата земја. Нема шанси да го убедиме бидејќи имаше донесено одлука. Ова се случи пред многу време. Сега веќе не постои шанса да се случат некакви промени“, вели дел Боске.



Доколку Меси ја прифател понудата од Шпанците сега веќе ќе имаше титула и од Светските првенства, но и од Европските шампионати, па ќе имаше комплетирана колекција на трофеи. Вака со Аргентина ќе има нов обид на Мундијалот во Русија во 2018 година кога ќе се очекува да го надомести загубеното во финалето на шампионатот во Бразил.

ЛЕО ВО НЕИЗВЕСНОСТ ЗА „ЕЛ КЛАСИКО“

И понатаму останува неизвесно прашањето дали Лео Меси ќе се појави на дуелот со Реал Мадрид на 21 ноември на „Сантијаго Бернабе“.

Работите се изменија. Кога се повреди од Аргентина вршеа притисок за побрзо да ја санира повредата и да може да игра на дуелот со Бразил, кој беше на програмата ноќеска. Тогаш од Барселона беа категорични дека и да успее да заздрави нема шанси да игра за националниот состав.

Сега Аргентинците се тие кои вршат притисок Барселона да не го вбројува Меси за составот за „Ел класико“ поради стравот повредата да биде обновена и тој да отсуствува подолг период.



„Мислам дека нема да може да биде во состојба да игра на овој натпревар. Возможно е да биде во добра физичка подготовка, но постои голем ризик од нова повреда. Мислам дека нема да биде в ред тренерот на таков дерби дуел да внесе во игра фудбалер кој штотуку успеал да залечи повреда. Меси веќе работи со топка, но не треба да биде фрлен во оган. Неговата состојба требна да се провери барем на еден натпревар пред тоа, а такво нешто нема да се случи. Покрај тоа Лео сака да игра со топката. Се случува да има дури 150 контакти со неа за време на натпревар, а тоа е многу опасно особено во овој случај“, вели докторот на репрезентацијата на Аргентина, Омеро де Агостино.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...