Франција ќе биде безбеден домаќин на ЕП 2016

Франција е безбедна земја и може без проблеми да го биде домаќин на Европското првенство во фудбал следната година. Ова го тврди шефот на Организацискиот комитет на Евро 2016, Жак Ламбер, кој истакна дека и покрај петочните терористички напади, земјата е подготвена да ги прими најдобрите репрезентации од Стариот континент. Во неколку терористички напади низ Париз беа убиени 129 луѓе а над 300 беа повредени. И покрај ваквиот страшен податок, Франција е подготвена за следното лето да биде домаќин на ЕП.

„Дури и самото тоа што се зборува за евентуално одземање на Европското првенство, оди во корист на терористите. Ние ги преземаме сите најнеопходни мерки за сигурноста. Сите стадиони се добро обезбедени, додека на улиците постои поголема опасност“, рече Ламбер анализирајќи ја безбедносната ситуација во земјата.

НАВИВАЧИТЕ БЕГАА НА ТЕРЕНОТ НА „СТАД Д’ФРАНС“

Француската репрезентација во петокот на својот стадион „Стад Д’Франс“ беше домаќин на актуелниот светски првак Германија. За време на дуелот се слушнаа дури три силни експлозии по кои и фудбалерите делуваа збунето, но играта продолжи. Веднаш по мечот се рашири веста дека додека се играл натпреварот, надвор пред стадионот имало терористички напади. Голем дел од навивачите, испаничени од трибините истрчаа на теренот. За среќа, ниту еден посетител на стадионот не беше повреден.

ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ПРЕД СТАДИОНОТ ГО ОТКРИЛЕ САМОУБИЕЦОТ

Стадионот „Стад Д’Франс“ бил една од главните цели на терористите, но, за нивна жал, останала неосвоена. Бомбаш-самоубиец пробал да влезе на трибините и тоа 15-тина минути откако средбата започнала. Тој верувал дека тогаш многу полесно ќе успее да помине покрај обезбедувањето, по погрешил. Обидувајќи се да влезе, луѓето од обезбедувањето се посомневале во човекот и побарале тој да ја соблече маицата бидејќи изгледало како да има нешто под неа. Откако терористот одбил да го стори тоа, почнал да бега и ја активирал бомбата, по што се разнел самиот. Се претпоставува дека одговорни за крвавите напади се припадници на терористичката организација ИСИС.

ЗАГРИЖЕНОСТА СЕГА Е УШТЕ ПОГОЛЕМА

Франција треба да биде домаќин на 24 најдобри селекции од Европа во периодот од 10 јуни до 10 јули 2016 година. Токму стадионот „Стад Д’Франс“, кој беше цел на терористите, треба да биде домаќин на отворањето и финалето на континенталниот фудбалски собир.

„Ние секогаш ги преземаме сите најпотребни безбедносни мерки, но терористите покажаа дека може да нападнат во секој момент. Имавме грижи за ЕП, но сега постои уште поголем страв. Сепак, сега не сакам да зборувам за ЕП 2016 туку да се помолам за семејствата на загинатите во нападот“, рече претседателот на француската федерација, Ноел ле Гре.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...