Извлекувањето на групите за Европското фудбалско првенство 2016 ќе се одржи на 12 декември во Париз, а Франција како домаќин е одредено да биде во групата А, додека другите селекции се поделени во четири „шешири“.
„Шешир“ 1: Шпанија, Германија, Англија, Португалија, Белгија.
„Шешир“ 2: Италија, Русија, Швајцарија, Австрија, Хрватска , Украина.
„Шешир“ 3: Чешка, Шведска, Полска, Романија, Словачка, Унгарија.
„Шешир“ 4: Турција, Република Ирска, Исланд, Велс, Албанија, Северна Ирска.
24.те репрезентации ќе бидат поделени во шест групи по четири селекции, а двете првопласирани и четирите најдобро третопласирани ќе играат во нок аут фазата.
Европското првенство во Франција ќе се одржи од 10 јуни до 10 јули 2016 година.