Здравко Мамиќ повторно уапсен

Здравко Мамиќ заедно со уште четворица луѓе вчераутро беа уапсени во Хрватска. Сите се сомничат дека се виновни за затајување данок и корупција во хрватскиот фудбал. Мамиќ е највлијателниот човек во земјата. Тој е прв човек на шампионот Динамо и потпретседател на Хрватската фудбалска федерација (ХНС). Освен Мамиќ, уапсен е и неговиот син Марио, кој е менаџер на фудбалерите на Динамо. Во притвор е и извршниот претседател на ХНС, Дамир Врбановиќ, како и две лица од Истра.

ПРЕТРЕСЕНИ КАНЦЕЛАРИИТЕ ВО ДИНАМО

Акцијата за притворање на осомничените е по истрагата која ја спроведоа официјалните лица за борба против затајување данок и корупција. Тие биле и во службените простории на Динамо и тоа во канцелариите каде седи Мамиќ.

„Ја известуваме јавноста и навивачите дека службени лица беа во канцелариите на Динамо и направија претрес во документите за работењето на клубот. За сите понатамошни информации ќе има известување на официјалната страна на Динамо“, стои во соопштението на хрватскиот првак.

Врбановиќ бил уапсен на аеродромот во Загреб, веднаш по враќањето на фудбалската експедиција од гостувањето во Русија, каде „коцкестите“ победија со 3:1 во пријателски натпревар. Ова е вторпат годинава овие луѓе да завршат уапсени поради сомнение дека затајувале данок и ја злоупотребиле службената позиција. Летоска браќата Мамиќ и Врбановиќ завршија во притвор, но подоцна беа ослободени.

ЗАТАИЛЕ ДАНОК ОД ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН ЕВРА?

Според истрагата, Мамиќ со неговиот син преку компаниите на двајцата притворени лица од Истра успеале да затајат данок од трансферите на играчите на Динамо, и тоа во период од 2004 до 2015 година. Според проценките, се работи за повеќе од милион евра, кои биле затаени како неплатен данок. Тие ќе бидат обвинети за злосторничко здружување.

ДАВОР ШУКЕР НЕ СЕ ВРАТИЛ ВО ЗАГРЕБ

Со експедицијата на Хрватска од Русија во Загреб не пристигнал претседателот на ХНС, Давор Шукер. Никој не сакал да открие зошто Шукер не е во авионот за враќање. Сепакм Шукер не е меѓу осомничените за затајување данок и корупција и засега нема потреба да се плаши дека може да биде уапсен. Се шпекулира дека некогашниот голгетер на хрватската репрезентација заминал на службено патување во Лондон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...