Играчот на Реал Мадрид и на велшката репрезентација Герет Бејл откри дека комплетно се адаптирал на животот во Шпанија, но му недостасуваат британските чоколади и чај.
„Многумина ми велеа дека Британците не можат лесно да се адаптираат на животот во Шпанија, но кај мене не беше таков случај. Единствено ми недостасуваат британските чоколада и чај. Но, затоа секогаш кога ќе се вратам дома прво што правам е купувам чоколада и чај. Исто така сакам да играм голф. Веќе знам со што ќе се занимавам по завршувањето на кариерата - ќе играм голф“, изјави Бејл.