Рома е следна кај Каталонците

Првиот ден од 5. коло во Лигата на шампионите не носи дерби дуели како она коешто ќе се одигра в среда кога во Торино ќе се пресметаат составите на Јувентус и на Манчестер Сити. Сепак, Барселона и Рома се очекува да го одиграат најинтересниот натпревар бидејќи и двете екипи посакуваат да се изборат за триумф со кој ќе се најдат во следната рунда.

Барселона е пред пласман и се наоѓа на врвот. На домашен терен долго се одржува во позитива, а сега по победата над Реал Мадрид сите ќе очекуваат работите да продолжат во позитивен правец и Каталонците да забележат нова победа.



„Уживавме во Мадрид, но таа игра треба веќе да ја заборавиме. Продолжуваме со одигрување на другите натпревари и дефинитивно ќе треба да го покажеме најдоброто на теренот. Ни претстојат нови средби на кои ќе мораме да продолжиме со високото ниво на игра. Во саботата имавме посебен ден. Се израдувавме и сега е време на нова радост и во Лигата на шампионите. Среќни сме и поради тоа што се врати и Лионел Меси бидејќи тој е многу важен играч за нас. Се надевам дека тој ќе ја врати формата и ќе бидеме уште посилни“, вели Иван Ракитиќ.

ДА СЕ ПОВТОРИ САБОТАТА

Дека дуелот со Реал Мадрид остави трага кај сите потврдува и тренерот на Барселона, Луис Енрике, кој очекува неговите момците да одиграат нов добар натпревар. Тој покажа дека го има рецептот за големите тимови, па сега е време истото да го покаже и против Рома.

„Победата против Реал Мадрид беше навистина голема и славна. Особено важен за нас беше начинот по кој успеавме да дојдеме до неа. Ние бевме подобриот тим и покажавме дека за секоја победа постои долг пат кој се минува претходно. Секогаш е важно да се победи, па така ќе биде и денеска. Очекувам одново да бидеме на потребното ниво и да ја потврдиме комплетната изведба. Дефинитивно е важно да ја повториме играта за да можеме по саботната незаборавна игра да ја потврдиме истата форма уште еднаш“, вели Луис Енрике.



ГАРСИЈА ЧЕКА ДОБАР МЕЧ

Тренерот на Рома е разочаран од последниот меч во Серија „А“. Тој вели дека дуелот со Болоња бил анти-фудбал така што е среќен што по тој дуел не се повредил уште некој играч и листата на повредени не се зголемила уште повеќе.

„Доаѓаме на дуелот со Барселона по еден натпревар кој беше пародија на фудбалот. Нерешените 2:2 против Болоња беа навистина смешни. Тоа не наликуваше на фудбалски меч. Друго и не би знаел што да кажам. Како да игравме ватерполо со нозе. Единственото нешто кое е позитивно од тој дуел е што немаме повреди по тој меч. Сега ќе биде поинаку. Во Барселона ќе можеме да се надигруваме. Имаме проблеми со повредени играчи, но очекувам момците да одиграат на потребното ниво и да бидат рамноправен ривал како и на првиот меч“, изјавува Руди Гарсија.

ОПТИМИЗАМ КАЈ САБАТИНИ

Спортскиот директор на Рома, Валтер Сабатини, е оптимист пред гостувањето во Барселона. Тој е свесен за квалитетот на противникот и за атмосферата што владее по победата над Реал Мадрид, но е убеден дека Рома има квалитет и сили за да може вечерва да дојде до добар резултат.



„Барселона е исклучително силен тим, но ние сме добри. Рома има свои шанси, а на вакви средби треба да се игра со исклучително силен дух. Барса е најдобриот тим во светот и се наоѓа во врвна форма. Сите видоа што се случи на средбата против Реал Мадрид и што сè успеаја да направат на теренот. Сепак, јас верувам дека ние нема да излеземе по натпреварот како жртви бидејќи имаме шанси“, вели Валтер Сабатини.

ПРЕД ТРИ МЕСЕЦИ, 3:0

Екипата на Рома имаше гостување на „Ноу Камп“ во рамки на Трофејот „Жоан Гампер“. Тогаш мина лошо бидејќи забележа пораз од 3:0. Нејмар, Меси и Ракитиќ беа стрелци на головите за Барселона и покажаа дека ова ќе биде добра сезона за Каталонците кои дефинитивно како што одминува времето играат во сè подобра форма.

Сега по повредата на терен се врати и Лионел Меси, па составот на Барса е уште посилен така што денеска Рома ќе се соочи со големи проблеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...