Манџукиќ го однесе Јуве на врвот

И во 5. коло од Лигата на шампионите составот на Јувентус успеа да се избори за победа против Манчестер Сити и на тој начин се позиционираше на првата позиција во групата пред одигрувањето на последното коло. Јувентус беше подобар од гостите од Англија, а тоа беше нијанса бидејќи гостите не успеаја да парираат и мораа да се помират со пораз.

Голот беше постигнат уште во првото полувреме. Марио Манџукиќ, кој ден пред мечот не беше најавен како стартер успеа да се избори за шанса за погодок и да ја искористи, па уште во 18. минута ја отвори средбата по што беше на потег гостинскиот тим, но не успеа да искористи ниту една од можностите, па се помири со пад на 2. позиција.

Тука не е сигурно уште ништо и во последното коло може да дојде до поместување, но дефинитивно е јасно дека и двата тима си обезбедија осминафинале во Лигата на шампионите.



БОРУСИЈА ПРЕД СЕВИЉА

Во директниот дуел во групата „Д“ за пласман во Лигата на Европа составот на Севиља загуби клучна битка против Борусија Менхенгладбах. Тимот од Германија имаше контрола на играта, па гостите беа немоќни. Иако постигнаа гол повеќе од тоа не успеаја да сторат така што поразот беше неминовен.

Инаку, со трите бода Борусија се најде на одлична позиција и сега има предност во однос на Севиља за место во Лигата на Европа. Актуелниот освојувач на овој куп најверојатно ќе остане без можност да ја брани титулата бидејќи на Борусија сега и треба само бод против Сити за да биде сигурна во пласманот во ова натпреварување.

ЈУНАЈТЕД ИСКОМПЛИЦИРА

Откако не успеаја да дојдат до победа против ПСВ фудбалерите на Манчестер Јунајтед ги искомплицираа работите во групата „Б“ и дефинитивно во последното коло ќе биде жестото на двата дуели. Јунајтед имаше шанси со победа да се пласира во следната рунда, но вака го загуби и првото место, па ќе треба на гостински терен кај Волфсбург да се бори за пласман во осминафиналето. Тоа ќе биде пеколно тешка задача, па Јунајтед може да остане и без место меѓу осминафиналистите во Лигата на шампионите.



ВОЛФСБУРГ ЈА ОТКАЖА ЦСКА

На средбата во Москва се случи мало изненадување бидејќи домашниот тим на ЦСКА не успеа да се избори за победа како што се очекуваше. Откако беа пропуштени неколку шанси, Ширле успеа да ги сруши сите надежи на Русите и на тој начин ги остави без можност да стигнат до пласман во следната фаза од Лигата на шампионите. Дефинитивно е јасно дека тимот на ЦСКА не може да стигне до 2. позиција, па надежта која останува е пласман на 3. место и продолжување на надежите во Лигата на Европа.

АТЛЕТИКО И БЕНФИКА СЕ ОБЕЗБЕДИЈА

Со ремито против Астана во Казахстан екипата на Бенфика си го обезбеди поенот кој беше потребен за сигурност на табелата, а неколку часа подоцна и Атлетико Мадрид успеа да се придружи после победата над составот на Галатасарај така што тимовите од Мадрид и Лисабон ги обезбедија првите две места во групата „Ц“.

И двата состави сега имаат по 10 поени, па ситуацијата е таква што на 8 декември во Лисабон ќе се надигруваат за тоа кој ќе го има првото место во ждрепката за осминафиналето.

Тој ден исто така ќе има интересна битка и во Истанбул бидејќи Галатасарај и Астана ќе се борат за пласман во Лигата на Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...